Во ред секој со своето искуство и со своите ќејфови
Јас неколку пати Турција по нивните ресорти бев и цел акцент е стаен на јадењето, ко демек луѓево гладни идат од негде и ај гоиме по цел ден, водата и плажата катастрофа и ко во кафез си тука затворен, можеби во некоја доба од животот ќе ми одговара сега не
Грција не би ја менувал плус колку сме блиску и природни убавини што има права среќа за мене, скоро секој пат одам на различно место
А за тие што си поминале лошо, наместо апартман од 30 евра одберете од 60, и убаво ќе си поминете.
Оваа година бев во Врахос кај Парга пошо со 1годишно бебе, и право уживање беше, хотелот одма на плажа, водата од јонско преубава широки плажи со ситен песок. Препорака за сите со мало дете