Минатава недела бев во Турција Кемер. После одморов се мислам зошто воопшто одиме Грција.
Заради милион пати подобрите плажи, море, предели, пејсажи, разноликоста на плажи, знаменитости. Заради разноликостата и на островите.
Како еден од поневажните фактори би ја вброил и далечината од МКД. Доколку збориме за годишен одмор и крајбрежје.
Турците продаваат со нивната гостопримливост, непосредност и аранжмани.
Грците продаваат со се друго.
Од болдираново кај си бил и што си видел во Турција и Грција?
Грција - потегот од Солун до Муданија, двата крака, Парга, Сивота, Тасос, Лефкада, Кефалонија, Закинтос, Амулијани, Атина, потегот од Аспровалта до Кавала.
А каде ми се Крф, Скијатос, Скопелос, Алонисос, Родос, Карпатос, Крит ми е неисполнета желба сеуште (исток и запад, се надевам идното лето), Кикладите со преубавите Милос, Парос, Наксос, Иос, Куфонисија, Аморгос и секако Санторини (но не за плажите) и Миконос. Изгуглај ги Елафонисос и Китира под Пелопонез, такви плажи на толку малецок остров нема ни на слики во Турција. Еден живот ќе ми е малку за такви убавини, око да ти види.
Турција - Истанбул, Ајвалик, се изгубив во Измир, Памук кале, Ефес, Чешме, Саримсакли, Кушадаси, Бодрум.
До Мармарис, Фетије, Аланија и Анталија не сум бил, мада сум информиран какви се пределите и плажите кога сум бирал каде на одмор.
Нема споредба, џабе ќе се контраме. Реков и претходно - за гостопримливост, јадење, пиење, излежавање и all-inclusive да не излезеш од ресорт Турција е супер. Сместувања има глава да те заболи, ама затоа она што си го болдирал погоре е апсолутно на страната на грциштата, колку и да ги нејќам.
Еден остров како Крит е трипати поразновиден од цело крајбрежје на Турција. Да не ја спомнувам западната страна, изгуглај Vai плажа на краен исток, ум да ти зајде.