Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1528518 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7231
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6330 на: 16 Септември 2019, 16:18:46 pm »
Едино плажите се подобри во Грција. Патот со авион е многу пократок и нема дремење по граници. 100 пати се погостопримливи од Грците и немаат проблем што сме од Македонија. Мене реално морето ми беше супер, бистро море без алги и треви. За цената се добива многу многу повеќе. Прв пат идам во Турција а сум бил 10 пати во Грција и веќе не им идам. :)
Кај си бил у Грција, да ја знаеме референтната точка за споредба.

Во Анталија и околина никогаш не сум бил, највише сум стигнал до Кушадаси и Бодрум (со кола). Плажите беа јад и очај, ама па забавата во Бодрум од друга страна беше одлична.

Се спремам некоја година да прошетам и до Кемер, сподели некоја информација повеќе, слики од плажи...

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6331 на: 16 Септември 2019, 16:44:26 pm »
Едино плажите се подобри во Грција. Патот со авион е многу пократок и нема дремење по граници. 100 пати се погостопримливи од Грците и немаат проблем што сме од Македонија. Мене реално морето ми беше супер, бистро море без алги и треви. За цената се добива многу многу повеќе. Прв пат идам во Турција а сум бил 10 пати во Грција и веќе не им идам. :)
Кај си бил у Грција, да ја знаеме референтната точка за споредба.

Во Анталија и околина никогаш не сум бил, највише сум стигнал до Кушадаси и Бодрум (со кола). Плажите беа јад и очај, ама па забавата во Бодрум од друга страна беше одлична.

Се спремам некоја година да прошетам и до Кемер, сподели некоја информација повеќе, слики од плажи...


Одиме со кола во Грција и шетаме низ околните плажи. Имам поминато голем дел од плажите на прв и втор крак, имам идено и на другата страна Олимпик Бич/Паралија и Лефкада.

Плажите се подобри во Грција и се тиркизно плави со ситен песок. Во Кемер плажите се со камчиња и водата е повеќе на кај зелена но е многу побистра за разлика од Грција. Дефинитивно кој сака плажи и море подобро да оди во Грција.

Повеќе муабетот ми беше за гостопримливоста и за тоа што се добива за парите. Храна и пиење без граници, базени, море, забава 24/7 и кога ке им кажеш од каде си не те означуваат одма и не се почнуваат муабети за политика.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6332 на: 16 Септември 2019, 18:11:51 pm »
Плажи Грчка, Море Јадран, Лапање Турска.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6333 на: 16 Септември 2019, 20:47:51 pm »
Добро е затера како шо треба работата.
Јас реков пропуштам нешто на плажите во Грција.

За мене сеуште останува најдобар одмор во Грција, заради близина, плажи/море. Друго не ми е многу битно.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6334 на: 17 Септември 2019, 09:11:30 am »
Најчисто, најкултурно, најмирно и гостопримливо Далмација, ама далеку е дамуеам, таму најубаво се доловува Јадранот, строго во Септември. :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6335 на: 17 Септември 2019, 09:15:22 am »
Најчисто, најкултурно, најмирно и гостопримливо Далмација, ама далеку е дамуеам, таму најубаво се доловува Јадранот, строго во Септември. :D
После неколку неуспешни обиди за одмор во Грција, и три дена поминати во Далмација, далеку-недалеку ќе си одам таму. На јужните соседи ни цент повеќе за одмор. Полесно човек ќе напише научен труд со истражување, отколку да најде ОК место за одмор во Грција.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6336 на: 17 Септември 2019, 09:17:04 am »
Моите за велигден или први мај одат до Хвар, а стари луѓе. На вас далеку ви било на одмор да отидете :D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6337 на: 17 Септември 2019, 09:18:23 am »
Моите за велигден или први мај одат до Хвар, а стари луѓе. На вас далеку ви било на одмор да отидете :D
Мене не ми е далеку и не ми е проблем да возам до таму, ама во темава сто пати имаат кажано дека далеку им било, па затоа и пишав.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6338 на: 17 Септември 2019, 09:18:58 am »
Аааа ми скузи, не сум те разбрал :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6339 на: 17 Септември 2019, 09:19:34 am »
Моите за велигден или први мај одат до Хвар, а стари луѓе. На вас далеку ви било на одмор да отидете :D

Ќе се преселам во Јужна Германија кај и да е. Барем морето да е блиску.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен mushovlae

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6340 на: 17 Септември 2019, 14:09:43 pm »
Минатава недела бев во Турција Кемер. После одморов се мислам зошто воопшто одиме Грција.

Заради милион пати подобрите плажи, море, предели, пејсажи, разноликоста на плажи, знаменитости. Заради разноликостата и на островите.
Како еден од поневажните фактори би ја вброил и далечината од МКД. Доколку збориме за годишен одмор и крајбрежје.

Турците продаваат со нивната гостопримливост, непосредност и аранжмани.
Грците продаваат со се друго.
Од болдираново кај си бил и што си видел во Турција и Грција?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2470
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6341 на: 18 Септември 2019, 09:19:04 am »
Минатава недела бев во Турција Кемер. После одморов се мислам зошто воопшто одиме Грција.

Заради милион пати подобрите плажи, море, предели, пејсажи, разноликоста на плажи, знаменитости. Заради разноликостата и на островите.
Како еден од поневажните фактори би ја вброил и далечината од МКД. Доколку збориме за годишен одмор и крајбрежје.

Турците продаваат со нивната гостопримливост, непосредност и аранжмани.
Грците продаваат со се друго.
Од болдираново кај си бил и што си видел во Турција и Грција?

Грција - потегот од Солун до Муданија,  двата крака, Парга, Сивота, Тасос, Лефкада, Кефалонија, Закинтос, Амулијани, Атина, потегот од Аспровалта до Кавала.

А каде ми се Крф, Скијатос, Скопелос, Алонисос, Родос, Карпатос, Крит ми е неисполнета желба сеуште (исток и запад, се надевам идното лето), Кикладите со преубавите Милос, Парос, Наксос, Иос, Куфонисија, Аморгос и секако Санторини (но не за плажите) и Миконос. Изгуглај ги Елафонисос и Китира под Пелопонез, такви плажи на толку малецок остров нема ни на слики во Турција. Еден живот ќе ми е малку за такви убавини, око да ти види.

Турција - Истанбул, Ајвалик, се изгубив во Измир, Памук кале, Ефес, Чешме, Саримсакли, Кушадаси, Бодрум.
До Мармарис, Фетије, Аланија и Анталија не сум бил, мада сум информиран какви се пределите и плажите кога сум бирал каде на одмор.

Нема споредба, џабе ќе се контраме. Реков и претходно - за гостопримливост, јадење, пиење, излежавање и all-inclusive да не излезеш од ресорт Турција е супер. Сместувања има глава да те заболи, ама затоа она што си го болдирал погоре е апсолутно на страната на грциштата, колку и да ги нејќам.

Еден остров како Крит е трипати поразновиден од цело крајбрежје на Турција. Да не ја спомнувам западната страна, изгуглај Vai плажа на краен исток, ум да ти зајде.
« Последно менување: 18 Септември 2019, 09:27:33 am balanar »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6342 на: 18 Септември 2019, 14:27:54 pm »
Моите за велигден или први мај одат до Хвар, а стари луѓе. На вас далеку ви било на одмор да отидете :D
Мене не ми е далеку и не ми е проблем да возам до таму, ама во темава сто пати имаат кажано дека далеку им било, па затоа и пишав.

па тоа дека е далеку е факат, ама ко воли нек изволи. На некој му се вози на некој не.

некој има деца не трпат да седат во кола со саати некои трпат

неспорно е дека близината на Грција ја прави атрактивна за нас, ама да беше на местото на Грчка Хрватска и обратно никој немаше да оди во Грчка ;)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6343 на: 18 Септември 2019, 15:12:28 pm »
Во грчка на одмор може да си поминеш ужасно ама и да ти биде најдобриот одмор во животот. Јебига, природата дала и изобилува со многу прекрасни места. Еден живот веројатно не е доволен за да ги посетиш сите плажи, места и острови во Грција. Сум бил многу пати на халкидики, пелопонез скроз доле, селцата попреку Волос на истокот, лефкада, и сум бил Турција олудениз, мармарис итн. Све си има свое нели, ама тоа што грчка може да го понуди во комбинација со тоа дека сме комшии и кога сакаш можеш да тркнеш на море е полн погодок.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #6344 на: 19 Септември 2019, 16:49:14 pm »
Пренесување на дел од убавините низ Црна Гора. Со ова ја затворив сезонава за годинава. Ако е за аир доста  е ;D



Рута

Скопје- Манастир Острог- Будва ( преку Цетиње)- Скопје. Посетени плажи во Будва, Могрен, Јаз, Дробни пјесак. Толку стигнав за 3 дена.

Вкупно км, 950.

Морам да кажам, ОГРОМЕН напредок на патот од лани до сега. Друга песна е годинава. Да, подалеку е, ама нема смисла да кратиш преку Штимје.  Косовскиот од граница до Приштина, спие.
« Последно менување: 19 Септември 2019, 16:56:33 pm Allexxander »