Читај ги коментарите и оцените од балканците. Така ќе добиеш малце пореална слика за состојбата и условите на хотелите.
Многу од коментарите и оцените за хотелите од тој реон се оставени од Русите (и бивши СССР земји), кои сочинуваат 90% од туристите во тој реон. А самите тие се верувај збеснати, мислат дека дале пари и можат да се однесуваат како сакаат и да прават што сакаат. Со еден збор се прави дивјаци. Па им сметаат и некои основни правила и ограничувања по хотелите, па тука имаш револт итн итн...
Конкуренцијата е огромна, има хотели на секој чекор. Па некогаш и најмала ситница и детал, знаат да прават "голема" разлика во споредба со друг, па од тука и лоши коментари и оценки.
Аланија у основа е "буџет" варијанта на летување во Анталија регион.
Во овој хотел што го препорачав, бев 11 дена, па според мое искуство и би го препорачал. Ако сакаш малце пофенси и луксузно, препорака за Arcanus Resort во Сиде. За други не знам.
Ако сакаш прав луксуз, и забава, идеш во Adam & Eve во Белек.

Ама таму имаш и "луксузна" цена.
