Португалија е одлична за ваква екскурзија како на Бендер. Само да ве предупредам дека не е идеална за летен одмор, барем за мене. Водата беше грч ладна во јули/август, како да влагаш во када со мраз. Треба да влезеш на брзина, да испливаш колку можеш и да се вратиш, малце да се заборавиш со седење во вода ќе се заледиш
Јас не сум некој што сака топла вода, на крациве посебно во Калитеа ми е одвратно топла, али во Албуфеира и Лагос каде што бев, ми беше непријатно ладно.
Лисабон не ми е омилен град (му дадов и втора шанса ама џабе), затоа пак Порто ми остави одличен впечаток и го препорачувам. Во близина на Лисабон не треба да се пропушти Синтра.