Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1375289 пати)

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5925 на: 15 Декември 2018, 12:48:51 pm »
јас кога барав за Португалија во 2014 година,ама за Јули, доста скапи беа и хотелите (гледав со 4*) и рент-а-карот (околу 450 еур за 9 дена плус ти блокираат на картичка околу 1200 еур), и ме одврати од идење тогаш. Верувам дека со добро планирање однапред се проаѓа поефтино како и Bender што поминал.

Па гледаш минималец и на нас не ни беше толку битно дали ќе сме сместени во поголем град, со добра инфраструктура, ресторани поради тоа што имаш флексибилност со автомобилот.

Исто така ми се допадна што паркингот за време на викенд е секаде бесплатен посебно јавниот, но јас и у работни денови си паркирав на јавен паркинг без притоа да платам пошо некако комплициран беше бар во Порто и Албуфеира и не ми стегнаа казна :D очигледно дека се помрзливи од грците и италјаните.

Се разбира, секоа патување прво го ориентираме според ефтини карти и си ги поместуваме слободните денови пред/по празници факт е дека на ден пред празник па и 2 дена пред празник е најскапо да леташ дури и година дена унапред да планираш, но ден после празник е најефтино или вечерта, некад ќе искомпензираш да одиш и до некој бош град као Фаро наместо Лисбон или Порто, некад ќе искомпензираш да полетуваш во бош време, као во Порто во 6 утрината полетувавме, што значи треба у 3:30 да тргнеш веќе накај аеродром, пред 5 да почнеш чек ин и рентген процедури, исто така и за пристигнување касно вечерта стигнавме и така начекуваш не толку атрактивни локации во лоши датуми со лош тајминг за 15еур :)

Хотели без паркинзи, во не централно подрачје но сепак со чисти и луксузни соби, убави ресторанчиња ако некад некој има прилика да оди во јужниот дел кај што се спојуваат морето со океанот, поточно во Албуфеира и Квадрира, овие два хотели се најдоброто нешто што ги имам видено за парите во Португалија.
https://www.domjosebeachhotel.com/ - quarteria
https://www.baltumhotel.com/en/restaurant.html - albufeira

во Лисабон и Порто бевме сместени преку пријатели што живеат таму и имаат пријатели кои рентаат еирбнб апартмани, од кој едниот цела зграда имал закупено со апартмани и ни испаднаа математиките по 30/35еур од ноќевање тоа им беше како такса некоја минимална ко кај нас шо би било 20еур, башка во срцето на градот каде немаш потреба од автомобил па ниту јавен превоз доколку можеш 20тина километри да ги испешачиш за 8-12 часа.

Ако сте гурмани, многу ми се допаднаа меркадата/пазарите каде имате секаков тип на овошје и зеленчук од медитерански до егзотични бразилски, еквадорски, перуански плодови со милион вкусови и скоро се ти е 1-4 еур килограм, дури начекав предобри маслинки за 3.5еур килограм што ни во Италија ни во Грција не сум очекувал за таква цена да добијам толку добар квалитет.
Во Порто се разбира, се оди на дегустација на вина, мушкатели (замена за ракија и жестоки пијалоци но сепак е вино) и сиренца :D

Вака изгледа просeчна тезга во Ноември
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

иако изненадија со доста вкусни медитерански сирења, имаат доста попримено и француска култура на храна и знаат убаво да ја измешаат со медитерански морски специјалитети за ич пари.

Доколку некој оди накај северот, обавезително да си пробате Франчезина :) за стабилизација на хлорестерол, масти и се што не ви треба во организмот.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Браво @Bender  пушти ми линк од хотелот ако сакаш

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5926 на: 15 Декември 2018, 13:34:11 pm »
Има во самиот коментар :) јес да јас преку букинг ги ловев, сега за сега барем за хотели на атрактивни локации букинг секогаш ми давал подобри цени дури и од на лице место ценкање, колку што се имам консултирано со пријатели што работат со букинг - те тера некогаш да дадеш цена испод, без никакви провизии кон букинг за да те дигне на рејтинг и да се појавуваш во пребарување меѓу топ хотели. Ова искуство уште пред 2-3 години го имав во Софија на Букинг хотелот беше 33уер, на лице место 45еур и ги прашувам зошто на Букинг е 15тина евра скоро поефтин, ми велат тоа е некоја акција на букинг само за Genius мембери и ја таков, ок ќе си букирам преку букинг тогаш :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5927 на: 17 Декември 2018, 15:46:24 pm »
Португалија е одлична за ваква екскурзија како на Бендер. Само да ве предупредам дека не е идеална за летен одмор, барем за мене. Водата беше грч ладна во јули/август, како да влагаш во када со мраз. Треба да влезеш на брзина, да испливаш колку можеш и да се вратиш, малце да се заборавиш со седење во вода ќе се заледиш ;D
Јас не сум некој што сака топла вода, на крациве посебно во Калитеа ми е одвратно топла, али во Албуфеира и Лагос каде што бев, ми беше непријатно ладно.

Лисабон не ми е омилен град (му дадов и втора шанса ама џабе), затоа пак Порто ми остави одличен впечаток и го препорачувам. Во близина на Лисабон не треба да се пропушти Синтра.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9100
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5928 на: 17 Декември 2018, 22:51:11 pm »
Во Португалија се бањав на под дејство на Алкохол само. Ама на јужниот дел па мене барем ми беше каде каде поприфатлива температурата.

Сепак мн поладна од Грчка, јебига океан е не е море.

Мене па Лисабон ми беше некако ептен Кул местенце

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5929 на: 18 Декември 2018, 10:43:41 am »
Лисабон за млади, Порто за гурмани....бањање само на југ и што поисточно накај Шпанија, остатокот е за сурфери, се слагам дека е ладна водата јбг. Синтра е интересна ама не треба да се пропушти Faro, Portimao и Estoril...особено тркачките патеки :)


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6540
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5930 на: 31 Јануари 2019, 16:36:47 pm »
На букинг не ми ги прифаќа две картички од две банки различни за да резервирам на едно место, оти така?
Како за малер и на двете имам доволно за со -10% попуст она гениус, а за цело немам довлоно, тоа да е проблемот, како функционира гениус?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4281
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5931 на: 31 Јануари 2019, 23:45:02 pm »
На букинг не ми ги прифаќа две картички од две банки различни за да резервирам на едно место, оти така?
Како за малер и на двете имам доволно за со -10% попуст она гениус, а за цело немам довлоно, тоа да е проблемот, како функционира гениус?

најдобро обрати се во контакт центар на банката од кај што ти се картичките, да проверат зашто не ти проаѓаат трансакциите.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6540
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5932 на: 01 Февруари 2019, 07:32:46 am »
Приставив на банкомат да ја има без попуст сумата и помина, а ми зеде колку што требаше со попустот. Шо, како, зошто така бара, не знам...

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5933 на: 27 Февруари 2019, 22:36:42 pm »
Дечки предложете некој добар камп на краците. Да е мирен и да има бунгалови за рентање.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
  • Сузуки Витариче
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5934 на: 28 Февруари 2019, 00:40:12 am »
Дечки предложете некој добар камп на краците. Да е мирен и да има бунгалови за рентање.

https://www.thalattacamp.gr/mainpage
Потпис.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4281
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5935 на: 28 Февруари 2019, 06:48:21 am »
^ го размислувам и јас овој камп за оваа година,пофални зборови имам чуено

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3027
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5936 на: 11 Април 2019, 15:34:10 pm »
Може не е најсоодветно тука да прашам ама во Солун што вреди да се посети за еден ден?

Кај има убаво гиро и каде да се паркира некаде блиску до кејот за да се прошета низ центарот?

Фала однапред :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5937 на: 11 Април 2019, 21:31:46 pm »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5938 на: 11 Април 2019, 21:51:36 pm »
Јас деновиве ова го разгледував, но скапо ми се гледа, мада убаво.

https://www.google.com/maps/place/Armenistis+Camping/@40.1505197,23.915848,14z/data=!4m8!1m2!2m1!1sKalamitsi+Village+camp!3m4!1s0x0:0xd3e89ebf45a421b1!8m2!3d40.152506!4d23.9152515
Убаво е. Бајаги скапо. Нешто ми се врти у глава ко 120 евра од вечер за тие бунгалови у први редови. Можда и имаше ценовник на нет.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5939 на: 23 Април 2019, 09:42:55 am »
Ми треба сместување во Виена или близина на Виена за двајца возрасни и дете од 6 години за период од 3 денови кон крајот на Мај.

Ако некој има искуство со Хотел, Гарни Хотел, Gast Haus или слично би било одлично да го сподели. Bed and breakfast е таргетот, но не е задолжителен.

Незнам дали темава е вистинското место за да го поставам прашањево. Администраторите нека го префрлат во соодветната тема доколку постои.

Благодарам многу однапред.