јас кога барав за Португалија во 2014 година,ама за Јули, доста скапи беа и хотелите (гледав со 4*) и рент-а-карот (околу 450 еур за 9 дена плус ти блокираат на картичка околу 1200 еур), и ме одврати од идење тогаш. Верувам дека со добро планирање однапред се проаѓа поефтино како и Bender што поминал.
Па гледаш минималец и на нас не ни беше толку битно дали ќе сме сместени во поголем град, со добра инфраструктура, ресторани поради тоа што имаш флексибилност со автомобилот.
Исто така ми се допадна што паркингот за време на викенд е секаде бесплатен посебно јавниот, но јас и у работни денови си паркирав на јавен паркинг без притоа да платам пошо некако комплициран беше бар во Порто и Албуфеира и не ми стегнаа казна

очигледно дека се помрзливи од грците и италјаните.
Се разбира, секоа патување прво го ориентираме според ефтини карти и си ги поместуваме слободните денови пред/по празници факт е дека на ден пред празник па и 2 дена пред празник е најскапо да леташ дури и година дена унапред да планираш, но ден после празник е најефтино или вечерта, некад ќе искомпензираш да одиш и до некој бош град као Фаро наместо Лисбон или Порто, некад ќе искомпензираш да полетуваш во бош време, као во Порто во 6 утрината полетувавме, што значи треба у 3:30 да тргнеш веќе накај аеродром, пред 5 да почнеш чек ин и рентген процедури, исто така и за пристигнување касно вечерта стигнавме и така начекуваш не толку атрактивни локации во лоши датуми со лош тајминг за 15еур

Хотели без паркинзи, во не централно подрачје но сепак со чисти и луксузни соби, убави ресторанчиња ако некад некој има прилика да оди во јужниот дел кај што се спојуваат морето со океанот, поточно во Албуфеира и Квадрира, овие два хотели се најдоброто нешто што ги имам видено за парите во Португалија.
https://www.domjosebeachhotel.com/ - quarteria
https://www.baltumhotel.com/en/restaurant.html - albufeira
во Лисабон и Порто бевме сместени преку пријатели што живеат таму и имаат пријатели кои рентаат еирбнб апартмани, од кој едниот цела зграда имал закупено со апартмани и ни испаднаа математиките по 30/35еур од ноќевање тоа им беше како такса некоја минимална ко кај нас шо би било 20еур, башка во срцето на градот каде немаш потреба од автомобил па ниту јавен превоз доколку можеш 20тина километри да ги испешачиш за 8-12 часа.
Ако сте гурмани, многу ми се допаднаа меркадата/пазарите каде имате секаков тип на овошје и зеленчук од медитерански до егзотични бразилски, еквадорски, перуански плодови со милион вкусови и скоро се ти е 1-4 еур килограм, дури начекав предобри маслинки за 3.5еур килограм што ни во Италија ни во Грција не сум очекувал за таква цена да добијам толку добар квалитет.
Во Порто се разбира, се оди на дегустација на вина, мушкатели (замена за ракија и жестоки пијалоци но сепак е вино) и сиренца

Вака изгледа просeчна тезга во Ноември

иако изненадија со доста вкусни медитерански сирења, имаат доста попримено и француска култура на храна и знаат убаво да ја измешаат со медитерански морски специјалитети за ич пари.
Доколку некој оди накај северот, обавезително да си пробате Франчезина

за стабилизација на хлорестерол, масти и се што не ви треба во организмот.
