По 3 неделен одмор и не остварување на плановите да одиме афтер-одмор од 3-5 дена на Паксос, преубаво си поминавме на Алонаки помеѓу Парга и Врахос, премногу жив свет во водата, претопла во споредба со останатиот регион од Јонско море (28 степени) и многу диви и богати со флора и фауна плажички, имаат супер патна инфраструктура, нема цивилизација и лидли, големи маркети и пазари во околина но за луѓе што сакаат мирна вода, не толку солена и топла ви препорачувам да ги посетите Alonaki, Amoni и Agios Giannakis.
Алонаки највеќе ми се допадна поради тоа што повеќето плажи имаа карпи на 10/30 метри од нив и оваа подоле на сликата не одеше длабочината повеќе од 1.50, ситен песок и освен на карпите треви, алги нема воопшто:

9те дена на Лефкада бурно ко и изминатите пати, секогаш си имаме со девојка ми рута ова лето си го срушив рекордот од 18км искајакарени за 10 часа, лепотата е дивите непристапни плажи освен за оние со кајаци и чамци, пресоленото море без воопшто жив свет и убавата ладна клима каде за разлика од останативе места што сум ги посетил, преку ден било запурно ко во турска бања.
Сликава е од мало невреме напрвена, па дошла до контраст тиркизната вода со останатото синило:

и убавите патчиња за возење со некој роудстер


+



и финиширавме со Пирин, малку во Добриниште во топлите базени, многу на Вихрен.