Дојде денот да склопам едно мало ревју за еден грчки остров по име Скопелос (
локација)
Бев 7 дена, почетокот на август, 3-ца луѓе и една кола.
Многу инфо (ич) за островот на македонски јазик немаше, па отидовме малку на слепо, со читање на некои ривјуа од попосетените плажи, и останатото го оставивме за изненадување.
На островот, за нас, се оди со траект од Волос, со
Anes или
Hellenic Seaways, и овој пат за разлика од Кефалонија, се плаќа одма со резервацијата, а потоа од портот само ги подигаш билетите. Цена 250€, и 4.5 часа пат со Anes, а за 1 час побрзо плус 50€ со Hellenic. Логички се резервира во Анес, и нормално попатно застанавме на веќе позната локација од рекламите, Скијатос:

После половина час, тргнавме и по некое време стигнавме во главниот град на островот, погодивте, Скопелос:

Бидејќи Скијатос е попознат и попосетен (има и аеродром), очекував овде да биди така лабаво дури и како пусто местото а општо и островот, ама згрешив во позитивна смисла, градот е жив, народ полно дење/ноќе, ресторани, кафулиња, слаткарници, сладоледи, сувенири и слично во целата должина од 1.5км околу портот. Плажите полни ама лабаво, не се стегаш.
Е сега што имаше, а што не:
- луди забави и ноќни клубови немаше (а гледам на гугле имало можи еден два, ама ништо посебно, не бев)
- туристите се мнозинството грци, а имаше англичани, германци, италијани, романци и 3 коли македонски
- претежно млади парови, и млади фамилии, стари луѓе послабо
- маркет, еден АБ и уште 1 поголем
Сместени бевме 15мин до главниот град, а 5-10мин до плажите кои беа најпосетени и најубави и гледаа кон запад и Скијатос
Прва беше Милиа, така како најдолга, ама ако гледате на сликите не знам што е она ама влезот беше како цементиран, па после мал раб, па ако имаш среќа камчиња, ако не камења, ептен незгодно тука во плиткото, за непливачи треба ептен да го погодиш местото.

Потоа Лимонари, истиот случај, овде уште полошо за непливачи, стој во првите 3-4 метра на камениот дел како плоча, оти после на места пола метро пропаѓаш, ако си низок ојде јабана, ама пак тука во тој дел беше песок и со цефка и наочари имаше риби за гледање.

Кастани, некојси мјузикл „Мама миа“ филм се снимал тука, убава плажа од камчиња со постепено добивање на длабочина, а вториот пат начекавме и малку бранови па беше интересно.


Ховолос, според мене најубава, ама немет кафич да рента чадори и фрла пијачки. Имаше убаво место за скокање од 2 до 5 метра и интересно за нуркање околу карпите. Топлес тука најповеќе мачиња.


Панормос, како и секаде и така и тука, камчиња, ама плажата:
влегуваш во првите 3-4 метра, потоа ако си повисок уште едно метро тераш, и потоа амбис,
каде што е сино, тука е 10 метра длабоко на десет метра од плажата.

И еден ден ја посетивме единствената „песочна“ плажа, која беше под просек, на мали бранови тиња се правеше,

па до неа има друга Веланио преку еден срт само се поминуваше каде фучеше ветер,
и тука ништо не напрајвме и се вративме на некоја веќе посетена, тука леб за нас немаше.

Други факултативи настрана од плажите имаше само две позначајни:
Црквата каде се снимаше тој Мама Миа филмот, таму на карпата горе

плажата тука во близина, ама гледате дека е шит влезот во вода, камења, ама уба за сликање,

и трите дрва кои пред една недела за малку не изгореа во пожар, а каде и тука се снимало некое кадро (мислам)

Како за мал остров имаше баѓи искачувања и слегувања а патот беше добар со просечна ширина и брзина од 30-60км/ч, лабаво сите тераа без нервози и престигнувања, паркинг имаше доволно на скоро сите плажи, дури и под сенка.

Општо островот не е многу голем, западниот брег беше најразвиен и со најповеќе плажи, а источниот беше посиромашен.
Во 7 дена се поминаа 320км на островот или вкупно 920км сосе Битола-Волос, потрошувачка планинска.

Бегавме од другата страна на островот, од Глоса каде сместувањата имаа одлични погледи од височина.
Мој впечаток, убав остров кој има што да се види и прошета за 7-10 дена. По маркетите цените се нормални (грчки), како и по рестораните, а сместувањето е поефтино од Скијатос, а и тука имаш тесни улички со бели куќи и шарени ролетни. За промена никој нема да си оди разочаран.

Ај уште една слика:
