Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1520432 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5790 на: 14 Август 2018, 16:59:21 pm »
Мене Регнум ми го фалеа, ќе видам у четврток на лице место таму што ќе ми се допадне. Ќе одам во септември пак на море, да си дадеме втора шанса, ако не и одговара тогаш следниве 12-13 год ќе си одам и јас на планина.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5791 на: 14 Август 2018, 19:57:18 pm »
Регнум е одличен, али е малце посолен.

За Balkan Jewel и од мене пофални зборови. Внатрешниот базен е прилично мал, али затоплен. За мали дечиња, топ. Надворешниот не е со затоплена вода, али ако е времето погодено, нема утка. Има огромен простор за дечиња, во ниту еден хотел немаш толку занимација за деца.

Пред помалце од месец дена, бевме во Belvedere Holiday Club. Има убав надворешен базен, со Pool Bar. Детските базенчиња се исто убави и има и за многу мали дечиња. Само пак, не е загреана водата. Внатрешниот базен е малце поголем, али и затоплен. Има футбалско игралиште, игротека, флипери и слична занимација. Ресторанче, слаткара.. Убаво е.

Murite и Greenwood се принцип All Inclusive, али како шо рече @kalimero се скоро секогаш многу пуни.

Од мене препорака за Roman Bath Thermal Spa Hotel (Римска Бања). Хотелот е измеѓу Разлог и Банско, во село Бања. Базените се со топла (термална) вода (33-34 степена, нон-стоп). Погодни и за мали дечиња, да ги остаиш цел ден да седат у вода и ич да не ти е мука. Собите се просторни, убаво уредени. Има и катче за деца, ресторанче...

Не ми текнува на други места...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5792 на: 14 Август 2018, 20:26:43 pm »
Абе и на Марс сакаш оди, тоа е со дете ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5793 на: 14 Август 2018, 20:41:34 pm »
Браос!

Замор за тебе и занимација за децата

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5794 на: 14 Август 2018, 21:28:08 pm »
Одлучивме да не одиме никаде до септември, ризик ми е, мало е уште, има време за шетање.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5795 на: 14 Август 2018, 22:18:12 pm »
Дојде денот да склопам едно мало ревју за еден грчки остров по име Скопелос (локација)
Бев 7 дена, почетокот на август, 3-ца луѓе и една кола.

Многу инфо (ич) за островот на македонски јазик немаше, па отидовме малку на слепо, со читање на некои ривјуа од попосетените плажи, и останатото го оставивме за изненадување.

На островот, за нас, се оди со траект од Волос, со Anes или Hellenic Seaways, и овој пат за разлика од Кефалонија, се плаќа одма со резервацијата, а потоа од портот само ги подигаш билетите. Цена 250€, и 4.5 часа пат со Anes, а за 1 час побрзо плус 50€ со Hellenic. Логички се резервира во Анес, и нормално попатно застанавме на веќе позната локација од рекламите, Скијатос:

После половина час, тргнавме и по некое време стигнавме во главниот град на островот, погодивте, Скопелос:

Бидејќи Скијатос е попознат и попосетен (има и аеродром), очекував овде да биди така лабаво дури и како пусто местото а општо и островот, ама згрешив во позитивна смисла, градот е жив, народ полно дење/ноќе, ресторани, кафулиња, слаткарници, сладоледи, сувенири и слично во целата должина од 1.5км околу портот. Плажите полни ама лабаво, не се стегаш.

Е сега што имаше, а што не:
- луди забави и ноќни клубови немаше (а гледам на гугле имало можи еден два, ама ништо посебно, не бев)
- туристите се мнозинството грци, а имаше англичани, германци, италијани, романци и 3 коли македонски
- претежно млади парови, и млади фамилии, стари луѓе послабо
- маркет, еден АБ и уште 1 поголем

Сместени бевме 15мин до главниот град, а 5-10мин до плажите кои беа најпосетени и најубави и гледаа кон запад и Скијатос

Прва беше Милиа, така како најдолга, ама ако гледате на сликите не знам што е она ама влезот беше како цементиран, па после мал раб, па ако имаш среќа камчиња, ако не камења, ептен незгодно тука во плиткото, за непливачи треба ептен да го погодиш местото.

Потоа Лимонари, истиот случај, овде уште полошо за непливачи, стој во првите 3-4 метра на камениот дел како плоча, оти после на места пола метро пропаѓаш, ако си низок ојде јабана, ама пак тука во тој дел беше песок и со цефка и наочари имаше риби за гледање.

Кастани, некојси мјузикл „Мама миа“ филм се снимал тука, убава плажа од камчиња со постепено добивање на длабочина, а вториот пат начекавме и малку бранови па беше интересно.

Ховолос, според мене најубава, ама немет кафич да рента чадори и фрла пијачки. Имаше убаво место за скокање од 2 до 5 метра и интересно за нуркање околу карпите. Топлес тука најповеќе мачиња.

Панормос, како и секаде и така и тука, камчиња, ама плажата:
влегуваш во првите 3-4 метра, потоа ако си повисок уште едно метро тераш, и потоа амбис,
каде што е сино, тука е 10 метра длабоко на десет метра од плажата.

И еден ден ја посетивме единствената „песочна“ плажа, која беше под просек, на мали бранови тиња се правеше,

па до неа има друга Веланио преку еден срт само се поминуваше каде фучеше ветер,
и тука ништо не напрајвме и се вративме на некоја веќе посетена, тука леб за нас немаше.

Други факултативи настрана од плажите имаше само две позначајни:
Црквата каде се снимаше тој Мама Миа филмот, таму на карпата горе

плажата тука во близина, ама гледате дека е шит влезот во вода, камења, ама уба за сликање,

и трите дрва кои пред една недела за малку не изгореа во пожар, а каде и тука се снимало некое кадро (мислам)

Како за мал остров имаше баѓи искачувања и слегувања а патот беше добар со просечна ширина и брзина од 30-60км/ч, лабаво сите тераа без нервози и престигнувања, паркинг имаше доволно на скоро сите плажи, дури и под сенка.

Општо островот не е многу голем, западниот брег беше најразвиен и со најповеќе плажи, а источниот беше посиромашен.

Во 7 дена се поминаа 320км на островот или вкупно 920км сосе Битола-Волос, потрошувачка планинска.

Бегавме од другата страна на островот, од Глоса каде сместувањата имаа одлични погледи од височина.

Мој впечаток, убав остров кој има што да се види и прошета за 7-10 дена. По маркетите цените се нормални (грчки), како и по рестораните, а сместувањето е поефтино од Скијатос, а и тука имаш тесни улички со бели куќи и шарени ролетни. За промена никој нема да си оди разочаран.

Ај уште една слика:

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5796 на: 14 Август 2018, 22:37:59 pm »
Пропадна мојот одмор на море, детево дека бебе не поднесува на сонце. Парите што ми беа планирани останаа, дајте предлог за хотел со убав и голем базен на банско, да видиме на планина дали ќе не биде. Со можност базенот да е само за гостите на хотелот.

Ако не ти е фактор да си во градот во Банско, што преку лето и не ти игра многу улога затоа што сигурно со свој автомобил одиш - моја препорака, како најдобро за парите е Terra Complex карши Разлог, на 10тина километри пред Банско кај Пирин Голф терените. Најубаво да си се јавиш во хотелот, си имаат свој сајт и да си се осигураш за слободни термини и за цена на лице место со попуст сигурно ќе поминеш, него ли со букинг затоа што им зема провизија и мора да официјализираат цени (проверно, успеано повеќе од 10тина пати). Предноста кај овој хотел е што не е во бучкурушот на Банско, околу него има уште 4-5 хотели кои се најфункционални преку лето затоа што првичната намена им е и таков туризам, голф, јавање коњи, шетање по езера и планини, летни планиски спортови.
Доколку сакате да сте во Банско, најтопло го препорачувам Green Life Ski and Spa кој поради аут оф сизн, има ниски цени а според мене и многумина што биле боље е од Кемпински, Премиер, Гринвуд и другиве со 5 звездички.
Во секој случај, најубаво ќе си поминете во бањите во Добриниште, 15тина минути возење од Банско посебно ако е со мало дете и обавезително да одите горе до Кампинг Вихрен после Бандеришка полјана уште 5 минути возење и да ја пробате пастрмката на тиган + кисело млеко со слатко, летно време топ 3 причини за идење на Пирин :)

еден од поекономичните а убаво средени хотели, со прилично средено и богато спа и топол базен ми е Royal Bansko апарт хотел, каде првична намена е апартмани за продавање и некои 20% од хотелот е приватизиран поради продадените апартмани, соработува со многу македонски агенции и може да начекате по групер и агенцииве некоја смешна понуда као ол инклузив, плати 3 дена, добиј 4 а лани у овој период од летото беше као 50 евра за 2ца од ноштувка, деца гратис. Јас сум чест гостин таму, пошо ми е бесплатно.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5797 на: 14 Август 2018, 22:41:35 pm »
@Power to the people

Убај слики. Убај места.
Плажи за тие шо не се капат. :)

btw не видов слика од тие мачиња без купаќи.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5798 на: 14 Август 2018, 23:44:36 pm »
Стварно нај сликите ги нема...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5799 на: 15 Август 2018, 03:04:28 am »
Дојде денот да склопам едно мало ревју за еден грчки остров по име Скопелос (локација)
Бев 7 дена, почетокот на август, 3-ца луѓе и една кола.

Многу инфо (ич) за островот на македонски јазик немаше, па отидовме малку на слепо, со читање на некои ривјуа од попосетените плажи, и останатото го оставивме за изненадување.

На островот, за нас, се оди со траект од Волос, со Anes или Hellenic Seaways, и овој пат за разлика од Кефалонија, се плаќа одма со резервацијата, а потоа од портот само ги подигаш билетите. Цена 250€, и 4.5 часа пат со Anes, а за 1 час побрзо плус 50€ со Hellenic. Логички се резервира во Анес, и нормално попатно застанавме на веќе позната локација од рекламите, Скијатос:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

После половина час, тргнавме и по некое време стигнавме во главниот град на островот, погодивте, Скопелос:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бидејќи Скијатос е попознат и попосетен (има и аеродром), очекував овде да биди така лабаво дури и како пусто местото а општо и островот, ама згрешив во позитивна смисла, градот е жив, народ полно дење/ноќе, ресторани, кафулиња, слаткарници, сладоледи, сувенири и слично во целата должина од 1.5км околу портот. Плажите полни ама лабаво, не се стегаш.

Е сега што имаше, а што не:
- луди забави и ноќни клубови немаше (а гледам на гугле имало можи еден два, ама ништо посебно, не бев)
- туристите се мнозинството грци, а имаше англичани, германци, италијани, романци и 3 коли македонски
- претежно млади парови, и млади фамилии, стари луѓе послабо
- маркет, еден АБ и уште 1 поголем

Сместени бевме 15мин до главниот град, а 5-10мин до плажите кои беа најпосетени и најубави и гледаа кон запад и Скијатос

Прва беше Милиа, така како најдолга, ама ако гледате на сликите не знам што е она ама влезот беше како цементиран, па после мал раб, па ако имаш среќа камчиња, ако не камења, ептен незгодно тука во плиткото, за непливачи треба ептен да го погодиш местото.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Потоа Лимонари, истиот случај, овде уште полошо за непливачи, стој во првите 3-4 метра на камениот дел како плоча, оти после на места пола метро пропаѓаш, ако си низок ојде јабана, ама пак тука во тој дел беше песок и со цефка и наочари имаше риби за гледање.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кастани, некојси мјузикл „Мама миа“ филм се снимал тука, убава плажа од камчиња со постепено добивање на длабочина, а вториот пат начекавме и малку бранови па беше интересно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ховолос, според мене најубава, ама немет кафич да рента чадори и фрла пијачки. Имаше убаво место за скокање од 2 до 5 метра и интересно за нуркање околу карпите. Топлес тука најповеќе мачиња.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Панормос, како и секаде и така и тука, камчиња, ама плажата:
влегуваш во првите 3-4 метра, потоа ако си повисок уште едно метро тераш, и потоа амбис,
каде што е сино, тука е 10 метра длабоко на десет метра од плажата.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И еден ден ја посетивме единствената „песочна“ плажа, која беше под просек, на мали бранови тиња се правеше,

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

па до неа има друга Веланио преку еден срт само се поминуваше каде фучеше ветер,
и тука ништо не напрајвме и се вративме на некоја веќе посетена, тука леб за нас немаше.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Други факултативи настрана од плажите имаше само две позначајни:
Црквата каде се снимаше тој Мама Миа филмот, таму на карпата горе

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

плажата тука во близина, ама гледате дека е шит влезот во вода, камења, ама уба за сликање,

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

и трите дрва кои пред една недела за малку не изгореа во пожар, а каде и тука се снимало некое кадро (мислам)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Како за мал остров имаше баѓи искачувања и слегувања а патот беше добар со просечна ширина и брзина од 30-60км/ч, лабаво сите тераа без нервози и престигнувања, паркинг имаше доволно на скоро сите плажи, дури и под сенка.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Општо островот не е многу голем, западниот брег беше најразвиен и со најповеќе плажи, а источниот беше посиромашен.

Во 7 дена се поминаа 320км на островот или вкупно 920км сосе Битола-Волос, потрошувачка планинска.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бегавме од другата страна на островот, од Глоса каде сместувањата имаа одлични погледи од височина.

Мој впечаток, убав остров кој има што да се види и прошета за 7-10 дена. По маркетите цените се нормални (грчки), како и по рестораните, а сместувањето е поефтино од Скијатос, а и тука имаш тесни улички со бели куќи и шарени ролетни. За промена никој нема да си оди разочаран.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ај уште една слика:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од златен скијатос они отишле на скопелос 😁 таму се оди на пола ден и толку. И дај слики од топлес кучките

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5800 на: 15 Август 2018, 07:21:34 am »
Немет слики од кучките, ама има на гугле поквалитетни материјали.

Скијатос здравје можи вгодина.

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5801 на: 15 Август 2018, 11:13:14 am »

Скопелос е одличен, тука ја запросив девојката во едно фамилијарно кафуленце над црквата на крајот од пристаништето. Беше многу пријатно местото.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5802 на: 15 Август 2018, 14:59:10 pm »
Препорака солидно хотелче за една вечер(поверојатно за повеќе денови ми јавија сега од режија) во Охрид, фамилијарно да е со паркинг, подалеку од Центар, дури може и накај Лагадин?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5803 на: 15 Август 2018, 15:05:33 pm »
Пропадна мојот одмор на море, детево дека бебе не поднесува на сонце. Парите што ми беа планирани останаа, дајте предлог за хотел со убав и голем базен на банско, да видиме на планина дали ќе не биде. Со можност базенот да е само за гостите на хотелот.

Јас бев исто во Green Life https://www.greenliferesorts.bg/bansko/ од 01-07 јуни. Бевме во соба околу 35-40 м2 со кујна (задолжително за мало дете). Да не го тупам како изгледа има слики, али некои искуства:
- во тој период работеше само внатрешниот базен. Соодветна должина и длабочина. Најголема негативност, немаше внатрешен базен за мали деца.
- Храната е на база мени или шведска маса. Во тој период имаше гости само за викенд и беше навистина богато, преку недела мени што се менува секој ден. Менито даваше избор помеѓу повеќе супи, салати, главно јадење и десерт. Ние бевме ПП и за вечерата очекувано немавме пијалок. Цените беа како во СК кафичите, пиво 150 ден за бугарско и нагоре.
-позитивно е што има и игротека внатре за деца, играчките се амортизирани али јбг
-од сликите ќе видиш дека има занимација надвор што да се прави со детето
- собите се чистат секој ден, доволен број на пешкири и бањарки, сапуни без парабен со убав мирис.
- се плаќа паркинг 2 евра на ден. Крајно педерска работа.

Ние плативме 330е за ПП за 7 ноќевања преку букинг со опција да откажеме во очи тргање (со мало дете не се знае) и да платиме само казна 50 е. Инаку ќе беше 300е. Истиот совет, подобро е да се јавиш за подобри цени.

Друго, не е лошо кога ќе стигнете да си ја видиш собата и да видиш дали се функционира тв, плотна и сл и нормално во каква состојба е. Во мојот случај, собата беше како на сликите, али шо е сигурно сигурно е.

Позитивна работа е што хотелот е на самиот почеток на боровата шума и е мн пријатно за шетање ако не сакаш да палиш кола. За пазарење, Лидл.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5804 на: 15 Август 2018, 15:23:03 pm »
Пропадна мојот одмор на море, детево дека бебе не поднесува на сонце. Парите што ми беа планирани останаа, дајте предлог за хотел со убав и голем базен на банско, да видиме на планина дали ќе не биде. Со можност базенот да е само за гостите на хотелот.

Банско, St.George Palace или St.George.
Или чувај паричките...сепак VW возиш.