Незнам дали случајов со Калитеа е измислен или не,ама мене лани ми ја откорнаа предната таблица на Паљури во мај,па си вадев нова.Немав друга штета за среќа.Пијани копиљаци го направија тоа гарант,све такви беа на отварање на бич барот.На другар годинава двете таблици му ги украле,иако МК знакот му бил залепен со изолир.Можеби оваа година има повеќе инциденти,што е очекувано со оглед на договорот од Преспа,и на двете страни има многу незадоволни.Затоа барам сега смештај со паркинг во дворот,не би сакал да се секирам за колата.Дека се пријателски настроени домаќините каде што сум идел до сега,не треба никој ни да ме убедува,ни да го убедувам.Само со комуникација се гради добро соседски односи,а не со курвинска политика,која ни го комплицира животот на сите.Така да ако идете во Грција,ви препорачувам помирни места,подалеку од првиот крак,те Калитеа,Ханиоти,Полихроно,Пефкохори за смештај,некаде со дворче и паркинг за колите.