На тасос лани не сардисаа оси. Абе ми скратија 2 години од животот во нервирање. Прашај некој шо билтаму годинава пред да тргнеш. Инаку, да малку по мирничко е, накај пензионерски...
Мислам дека зависи и каде си бил.Читав некаде дека источниот дел,те Голден Бич било со оси доста,додека југот и западот ретко.Јас лани бев од 1-10 Септември,во Потос,ама идевме на запад често и на плажите во близина на Потос.Не дека нема оси,ама се појавува по 1-2 додека јадеш нешто,поготово ако е благо и замара малце,ама ништо страшно.
Иначе го препорачувам за фамилијарен одмор со деца,има убави сенки на доста од плажите,а и водата е топла.Не е скапо ич,а храната е супер како и скоро секаде во Грција.Препорачувам да не се иде со спуштено возило или ако е ниско, бидејќи до доле до плажите најчесто е земјен пат со камења,па може да имате проблеми или ќе си паркирате горе на патот.