Глупости пишат, во ревјус велеа некои слаб избор на храна, а имаше толку многу храна што немаше шанса од се да пробаш. Јес да намештајот беше постар, но собата беше пространа, а купатилото реновирано. Собата кај што бевме имаше и голема тераса. Имаше централно ладење па во секој момент беше грч ладно.
Од услуги имаше детско катче кај што можеше да се остават децата со една вработена која ги занимаваше. Приквечер имаше и детско "диско"
Најдобро нешто на хотелот е плажата и локацијата. Сани има најдобри плажи на прв крак.
Edit: Некоја слика од летото 2024та. Бевме период во пик сезона 20ти до 27ми Јули. Цените па се споредено со тогаш се ептен заминати. 2024та јас платив 165е од вечер, сега истото е 250-60е.





