Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1333371 пати)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7455 на: 28 Мај 2022, 14:36:09 pm »
Од грчките, Алфа има добар Weiss ако е мерак некој.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7456 на: 28 Мај 2022, 18:17:25 pm »
Si uplativ za Krit   http://www.taleabeach.gr/  pa ke vidime sto i kako.

Ako e ok, ke pisam; ako ne e pak ke pisam :)

Od odmor sakam dobra plaza i ladno pivo, ako se pogodi plazata nemam namera da setam levo desno.
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7457 на: 28 Мај 2022, 19:27:02 pm »
Добро изгледа комплексов

Малку на незгодно место е сместен како за Крит (на среде), ни лево, ни десно...
Ако си по легачење - ОК ќе ти е  ::)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7458 на: 28 Мај 2022, 20:31:39 pm »
Летово планирам да одам крф.. Некој некакви информации да ми каже што како и каде?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7459 на: 28 Мај 2022, 21:47:10 pm »
Летово планирам да одам крф.. Некој некакви информации да ми каже што како и каде?
Имаш ефтини летови со РајанЕр од Ниш.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7460 на: 28 Мај 2022, 22:09:39 pm »
Како што ветив, едно мое видување на Крф.

По Лефкада (2016, 2017) и Кефалонија (2017), време е да се посети уште еден јонски остров - Крф. Малку подолга пауза, но што е - тоа е.
Одлуката да се замине на Крф падна во 2019 година, но поради мал број денови за одмор од работа, таа година бевме на Тасос, а минатата година (2020) дури и имав резервација за Крф од февруари, но некаде во април бев принуден да го откажам сместувањето бидејќи Грците ги затворија границите поради короната. Тоа лето бевме „локално“, односно Охрид.

Минатата година расчепкав отприлика каде, што, кога и како на Крф, па оваа година остана само да се соберат пари, да се резервира сместување и траект. И одиме  :)
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Документи

Што се однесува до потребните документи, ова е комплетната листа на се што ни требаше:

- Зелена карта
- Автомобилска асистенција (зедов Vozzi, пакет EU1, цена 2500 денари)
- Меѓународна возачка дозвола
- Патничко осигурување
- PLF формулари за влез во Грција
- Негативен тест за корона (направивме брз антиген со валидност од 48 часа, цена 1000 по лице)
- Билети за траект (испечатено што ми испратија по имејл, генералии и два QR кодови. Едниот код го скенираа при поаѓањете, другиот при враќањете)
- Pre-boarding health declaration (ова е потребно за траектот и при поаѓање и при враќање, што значи 4 копии, 2 по лице)
- Self-test од аптека (максималната валидност на тестот е 24 часа. Цената е 7 евра (од плунка))
- Self-test declaration (ова е поврзано со self-тестот, беше потребно за траектот при враќање, но не го ни побараа
________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Патарини:

Вкупниот износ на патарини натаму - наваму е 22 евра.

Evzoni – 1.80
Malgara – 1.20
Polymylos – 1.40
Siatista – 1.50
Malakasi – 1.40
Pamvotida – 1.20
Tyria – 2.10
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Гориво, километри, граници и џепарац:

Прилично брзо ги поминавме границите. На одењето, бевме на ГП Богородица / Евзона околу 02:00 часот и бевме први на двата шалтери, а кога се вративме околу 17:00 часот имаше 5-6 автомобили пред нас, исто така на двата шалтери.
Поминавме вкупно 1500 километри. Од Штип до Игуменица е точно 477 километри (преку Струмица - Богданци). Извозено околу 550 километри на островот.

Што се однесува до горивото, потрошени 118 евра:

Макпетрол (53.3L) - 52 €
Shell (32,9L) - 50 €
Макпетрол (16L) - 16 €

Моја лична перцепција е дека нема разлика во горивата. Ова го кажувам како искуство од овој одмор, како и секој претходен пат кога одам во Грција и ставам строго Shell V-Power Diesel.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Траект:

Резервирав траект преку Интернет од Kerkyra Lines. Тргнавме од Игуменица во 09:00 часот по локално време, со траектот Ano Hora II. Се вративме од Крф со истиот брод, 12:00 часот по локално време.
Цената беше 64 евра, повратни билети за двајца и автомобил.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Сместување:

Следев сместување можеби месец и половина, директно контактирајќи со газдите на Viber, преку имејл, Booking, Airbnb…
Јас дури и не знаев точно каде сакам да одам, гледав сместувања во Moraitika, Benitses, Perama, Gouvia, Dassia, Ipsos, па се до Barbati.
И можеби една недела пред поаѓање, се појави интересно студио во Gouvia - Gouvia House Luxury Apartments.

https://www.booking.com/hotel/gr/gouvia-house-luxury-apartments.en-gb.html
https://goo.gl/maps/KK2Bp9hoNvmcmSEf9

Газдата се вика Stavros Lamprousis и му помагаат две ќерки. Фактички, на ист плац има две куќи: ова сместување и Ekaterini Apartments во сопственост на неговиот брат. Гледајќи слики на Гугл, пред некоја година веројатно и двете куќи биле една целина (обоени во иста боја), но сега се поделени. Кога одев до плажите и назад, забележав дека газдата се дружеше со брат му и снаата, па веројатно се поделиле поради X причини

Што би рекол за сместувањето... хмм. Нашето студио беше на најгорниот кат. Ова е прво сместување во кое имав три (3) тераси. Една ОГРОММА, една пред влезната врата и една странична. На огромната тераса имаше чадор и 2 лежалки за да се сончаш преку ден или навечер за да се излежаваш на терасата. Студиото се состои од две соби. Една дневна соба (со два единечни кревети), во комбинација со добро опремена кујна, шпорет и голем фрижидер. Другата соба беше спална соба со брачен кревет што излегуваше на големата тераса. Купатилото беше доста добро и пространо.

Генерално, би дал рејтинг од 8,5/10. Еден недостаток е што нема клима во дневната соба, а таму има два кревети. Не знам кој би се осмелил да спие таму затоа што прилично стануваше жешко и спарно, а климатата од спалната соба не постасуваше баш да разлади цел смештак. Претежно бевме принудени да ја затвориме вратата помеѓу спалната и дневната соба.
Друг недостаток - нема базен :)

Цената што ја плативме е 440 евра, за двајца. 8 ноќевања (04.08.2021 - 12.08.2021). Пред да заминам, уплатив аванс од 100 евра преку Western Union.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Itinerary:

Овака некако изгледа одморот по денов, запишував (може и предетално) каде бевме и што посетивме.

04.08
– Check in
– Lidl
– Germanos
– Corfu

05.08
– Yaliskari Beach
– Glyfada Beach
– Ipsos
– Papagalos Gyros

06.08
– Marathias Beach (Wave Beach Bar)
– Issos Beach
– Gouvia

07.08
– Golden Fox (Lakones)
– Bakalokafenio Michalas Kostas (Lakones)
– Paleokastritsa Monastery
– Rovinia Beach
– Vlacherna Monastery
– Royal Boutique Cafe

08.08
– Asian Museum
– Kanoni
– Agios Gordios Beach

09.08
– Agios Spyridon црква
– Margherita Pizza Artigianale
– Emeral Bakery

10.08
– Kassiopi
– Sidari Beach
– Loggas Beach

11.08
– Agios Georgios Pagon Beach
– Malibu Summer Beach Club (Dassia)

12.08
– Check out
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Одиме со впечатоци, слики и видеа, ден по ден.

04.08

– Check in
– Lidl
– Germanos
– Corfu

Стигнавме во 10:30 часот на островот, а веќе во 11:00 часот бевме во сместувањето. Бидејќи патувавме ноќе и не бевме одморени, сме заспале и станавме околу 18:00 часот. Бидејќи веќе беше малку доцна за плажа, решивме да пазаруваме во Лидл и да отидеме до Германос да купам припејд СИМ - Cosmote WhatsUp со неограничен интернет за 30 дена.
Во Лидл мислам дека потрошивме околу 40 евра, а СИМ картичката чинеше 20 евра (12 евра за интернет пакетот + 8 евра за СИМ картичката).
Вечерта отидовме во градот, прошетавме низ центарот, уличките...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видеа:

https://drive.google.com/file/d/1YVN3q1MbmJF5ckIQ0gBX_0L4GO27b9KA/view
https://drive.google.com/file/d/12BimBo5FiPez-2rjzHrh-4q9tMh2Ejy-/view
https://drive.google.com/file/d/1q8SIoHB43h_jluV9S5Spu0KpbeAbXwCA/view
https://drive.google.com/file/d/1LIwGc0yVM0Rl-ZYQwSo_WQlXEI_uL3vV/view

05.08
– Yaliskari Beach
– Glyfada Beach
– Ipsos
– Papagalos Gyros

Денот почна на плажата Yaliskari, онаа кај Pelekas. Но немаше место на песочниот дел, па останавме малку и отидовме до Глифада, од десната страна на плажата. Прилично искомерцијализирана плажа, нешто како Катизма на Лефкада. Лично, добро си поминав.
По враќањето во сместувањето и кратка пауза, продолживме со кратка прошетка до Ипсос и пробавме гиро во Papagalos. Скапи цени, ОГРОМНО мени, како и бавна услуга. Забележав дека Ипсос беше полн со млади Италијанци, не знам дали станал италијанскиот Кавос.
Кога сме веќе кај Кавос, не го посетивме затоа што мислам дека сега нема поента додека трае короната.

Yaliskari:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Glyfada:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ipsos:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видео од Glyfada:
https://drive.google.com/file/d/1M5VviTjPxLAsHOEAv0WSXKqbfzV2M2RR/view

06.08

– Marathias Beach (Wave Beach Bar)
– Issos Beach
– Gouvia

Се мислев која плажа да изберам, Gardenos или Marathias. Сепак, одлуката падна на втората, поточно на Wave Beach Bar.
Дуваше ветер прилично силно, така што пропадна опцијата да си ставиш свој чадор. Поминавме одлично, плажата можеби за мене е во топ 3 плажи на Крф.
Попладне продолживме на плажата Issos, а навечер, малку уморни од борењето со брановите и од сонцето, прошетавме околу пристаништетот во Гувија и ги разгледувавме мноштвото меѓународни јахти.

Marathias (Wave Beach Bar)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Issos
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пристаниште во Gouvia
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видео од плажата Marathies:
https://drive.google.com/file/d/1OdGK2amsSshB8ux9dbcHuB8MubqmqnD3/view

Видео од плажата Issos:
https://drive.google.com/file/d/1uCS3mABFQepceY-SVj6gwf_J2lNRP71V/view

07.08

– Golden Fox (Lakones)
– Bakalokafenio Michalas Kostas (Lakones)
– Paleokastritsa Monastery
– Rovinia Beach
– Vlacherna Monastery
– Royal Boutique Cafe

Го поминавме денот во регионот околу Палеокастрица, се искачивме до селото Lakones, се спуштивме до манастирот во Палеокастрица и продолживме кон плажата Ровинија. Водата беше премногу студена, не знам зошто.
Вечерта ја завршивме во Kanoni, предградието на главниот град, го посетивме тамошниот манастир Vlacherna и завршивме на пијачка во и сладолед во Royal Boutique Cafe.

Golden Fox:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Paleokastritsa Monastery
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Плажата Liapades сликана при пешачењето кон плажата Rovinia
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Поглед кон кафулињата над аеродромот во Крф
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Црквата Vlacherna
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Royal Boutique Cafe
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видео со поглед од Golden Fox:
https://drive.google.com/file/d/1oDeU4ig-DDXruBIWJlupzPLkKFYyoz6P/view

Слетување и полетување на авиони од аеродромот:
https://drive.google.com/file/d/1ZmQO-UT_mbFF3phV-sqGESQpkjwBZmQM/view
https://drive.google.com/file/d/1KlMB_0whDVLingyof-MhIEm8dVk4-2Sj/view

08.08

– Asian Museum
– Kanoni
– Agios Gordios Beach

Утрото го посветивме да го видиме градот Крф денски.
Попладне, како и зајдисонце, дочекавме на плажата Agios Gordios.

Крф
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Agios Gordios

Денско слетување:
https://drive.google.com/file/d/1DQEMp5ENjOXGNCX97QGwePIr55YlmvNs/view

Agios Gordios:
https://drive.google.com/file/d/1mCeWzfgzGHdJDUqeFqpphil6eSD2qan5/view

Зајдисонце:
https://drive.google.com/file/d/1h9Ur2WYMy7MLyOJwS9IA18fUnmyuktGZ/view

09.08

– Agios Spyridon crkva
– Margherita Pizza Artigianale
– Emeral Bakery

Ден без плажа, бевме малку преморени и исончани. Околу 19:30 часот ја дочекавме литургијата во црквата Свети Спиридон, потоа отидовме на пица, повторно прошетавме низ градот и го завршивме денот со прекрасни колачи во слаткарата Emeral, која не е во градот Крф, туку на патот Гувија - Палеокастрица.
https://g.page/Emeralpastry?share

Црквата Свети Спиридон
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пица маргарита од пицеријата Margherita Pizza Artigianale
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

10.08

– Kassiopi
– Sidari Beach
– Loggas Beach

Сакавме да го поминеме претпладнето на плажата Mpataria кај Касиопи, но беше премногу гужва. Застанавме малку и продолживме кон Сидари, на големата плажа, поточно во Argilos Beach Bar. Беше премногу жешко пешки да одиме по каналите, па се искачивме само до најдесниот (Small D’Amour Canal).
Сакавме да го дочекаме зајдисонцето во 7-th Heaven Cafe во близина на Перуладес, но само се сликавме над плажата Loggas и продолживме кон сместувањето.

Sidari
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Loggas
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видео од Sidari:
https://drive.google.com/file/d/14-Zkjfm8lIynro1fpWR77u0e84Q7wNzF/view

11.08

– Agios Georgios Pagon Beach
– Malibu Summer Beach Club (Dassia)

Претпладнето го поминавме на плажата Agios Georgios Pagon. Топло ви препорачувам ако одите од главниот град да возите до Sidari, а потоа да свртите кон Agios Georgios Pagon. Оние патишта што се нудат на навигациите се МИЗЕРИЈА. Паника ме фати кај заглавив, а сум возел по секакви беспаќа.
Попладне се вративме во Malibu Summer Beach Club во Дасија. Скапо место мора да се признае, 12 евра за сет од 2 лежалки и чадор, а ниту пијалоците/храната не се евтини.

Agios Georgios Pagon
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Malibu Summer Beach Club (Dassia)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Видео од Dassia:
https://drive.google.com/file/d/1pktb0HzFKdtFpyN62ucfK66V1DwPelYi/view

12.08

Се спакувавме и тргнавме да го фатиме траектот во 12:00. По Egnatia Odos имаше поприлично гужва, најмногу на патарините. Во Штип стигнав некаде околу 18:00, со пауза-две.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Традиционално, на секој одмор гледам да правам панорамски фотки (360 степени).

Glyfada Beach:
https://goo.gl/maps/wrgFjkHe4gsGApat8

Marathias Beach:
https://goo.gl/maps/QpATJGvPou9yLyWU7

Issos Beach:
https://goo.gl/maps/yZFGxKrQN1KCPh8BA

Agios Gordios Beach:
https://goo.gl/maps/txYMBY227SHpsirF8

Sidari Beach:
https://goo.gl/maps/JEBgdAu8jkDPBu9x8

Dassia Beach:
https://goo.gl/maps/u5UjbdKBTA8i81oY7
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

@Бузуки

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7461 на: 28 Мај 2022, 23:31:07 pm »
Овие се спори на одговор како кур пред умирање на 96, може ќе му се најде на некој информацијава:

Цитат
Hello from Armenistis and thank you for your interest!
 
We regret to inform you that there is no available rental accommodation for this period.
Currently availability is until the 10th of June (check out date) or from the 17th of September

 For the time being there are available camping pitches for your own tents/caravan.

 Kind regards,

Armenistis Reservations department
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7462 на: 29 Мај 2022, 07:29:17 am »
Ti rekov, vaka e sekoja godina ova vreme. Use od kraj na April e se rezervirano vo nivnite prikolki ili bungalovi

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7463 на: 29 Мај 2022, 07:51:40 am »
Овие се спори на одговор како кур пред умирање на 96, може ќе му се најде на некој информацијава:

Цитат
Hello from Armenistis and thank you for your interest!
 
We regret to inform you that there is no available rental accommodation for this period.
Currently availability is until the 10th of June (check out date) or from the 17th of September

 For the time being there are available camping pitches for your own tents/caravan.

 Kind regards,

Armenistis Reservations department
https://www.rent-a-camper.mk/mindex.html

Они тебе нема бунгалов...

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7464 на: 29 Мај 2022, 15:05:13 pm »

Жеништево со ова ме спамираше и лани, ама кога ја прашав дали знае да го вози не знам дали нашла уште која категорија треба за вакво возило. :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7465 на: 29 Мај 2022, 15:06:03 pm »
Овие се спори на одговор како кур пред умирање на 96, може ќе му се најде на некој информацијава:

Цитат
Hello from Armenistis and thank you for your interest!
 
We regret to inform you that there is no available rental accommodation for this period.
Currently availability is until the 10th of June (check out date) or from the 17th of September

 For the time being there are available camping pitches for your own tents/caravan.

 Kind regards,

Armenistis Reservations department
https://www.rent-a-camper.mk/mindex.html

Они тебе нема бунгалов...

Жеништево со ова ме спамираше и лани, ама кога ја прашав дали знае да го вози не знам дали нашла уште која категорија треба за вакво возило. :)))

Со Б мислам дека се тера..

Години на возач: 27 до 67
Возачка дозвола од Б категорија со најмалку 5 години искуство
Дозволена километража по ден: 350 km., надминатата се доплаќа 10 MKD/km
Најмало време на наем: 3 дена
€ 800.00 сигурносен депозит
Вредноста на наемот и депозитот се плаќаат однапред
Потпишан договор за изнајмување и идентификациски документи се потребни за да се изнајми возилото
Семејства се претпочитани клиенти
Користење на возилото за ергенски/момински прослави не е дозволено, како и од страна на навивачки групи

« Последно менување: 29 Мај 2022, 15:12:22 pm AUUU »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7466 на: 29 Мај 2022, 15:14:26 pm »
So B kategorija se vozi

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7467 на: 29 Мај 2022, 15:15:41 pm »
Абе знам ја дека е со Б, ама не најдовме доволно висока перница за она да тера.
Кој ќе иде 90 надоле, ќе му ебем... :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7468 на: 08 Јуни 2022, 10:46:45 am »
Ќе бега некој надолу викендов и дали ќе оди воопшто?

Имам резервирано во Калитеа, се мислам да откажам заради временската прогноза...
« Последно менување: 08 Јуни 2022, 15:08:33 pm balanar »

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7469 на: 08 Јуни 2022, 17:57:55 pm »
Nikiti na vtor krak nekoja preporaka za apartmani?

Sent from my M2101K9G using Tapatalk