540км, само 8 или 10 саата возење во зависност од тоа од каде ќе идеш. Патот низ Грција е топ, само повеќе главиш на граница. И башка пред крај имаш сплав налик на тие со кои се доселиле Словените на нашиве простори. 😁
Преку Албанија имаш 2 варијанти. Едната ти е да возиш до Валона, па од Валона до Ксамил имаш околу 180км низ планини, кои ќе ги тераш добри 3 саата најмалце.
Или другата варијанта, покрај Ѓирокастер, што ти е генерално рамен пат.
Патиштата низ Албанија се добри. Претежно регионални, али со добар асвалт. Подобар од нашиот.
Порано беше проблем да се разбереш, зошто ретко кој знаеше англиски. Сега не е веќе така, на секое едно место, дуќанче или плажа има бар еден што знае англиски.
Ако ти е чисто да отидеш во Албанија, имаш и поубави места. 😁
И многу битно... Ако до сега си бил по одмори само низ Грција, има шанси Албанија да не ти се свиѓа. 😁
Зависи колку ти се "високи" очекувањата.