Дечки да не има некој одено на рафтинг на Тара? Препорачајте сместување и од каде да се оди? Преку Косово или Србија? Фала однапред
Јас сакав да одам лани, не испадна заради некои нерелевантни моменти.
Има многу кампови таму, кои организираат рафтинг. Имаш варијанти со или без спиење, два дена, три дена... Мене од Х причини ми фатија око Енцијан, на босанска страна. Љубезни беа 100% во комуникацијата.
Пази кога сакаш да одиш, од тоа директно зависи колку вода има во Тара, и каков ќе биде рафтингот. Колку покасно во летото, толку помалку вода и помирен рафтинг. За почетници Август се пропрачуваше по нетот, евентуално Јули. Зимава имаше снегови по планините, па ти види и распрашај се.
Обавезно пиши ги искуствата после, ако се решиш да одиш.

Јас ќе одам некогаш, само ќе планирам заедно во комбинација за со годишен одмор.
едит: јас би патувал преку Косово, па Црна Гора... поблиску е, и помал трошок.