По мене ако се иде на Лефкада, се сместуваш во Агиос Никитас, мало но прекрасно место, тука имаш мала убава плажа, до милос се стига пешки а може и со чамци кој тргаат од плажава во Никитас. Катизма е на 2 км и одмс се стига со кола. Ако несакаш можеш цел одмор да го истераш во Никитас или милос. Друга опција е смештај во вилите над катизма, ама па така ќе ти треба секој ден да пакиш кола за до продавница и да шетнеш, не дека Агиос Никитас е којзнње што ама има два три кафичи и ресторани.
Реков лефкада во септември,зошто тогаш нема гужва и е многу лабаво и растеретено по плажите, дури и пусто е. Во рестораните низ планините на островот брзо се стига и секогаш има место, плус во септември знае да заврне а дожд на море е прекрасна работа, после 15 минути како ништо да не било. Си цепиш 200 грамско узо со маслинки и сирење со оригано за мезе а надвор од терасата дожд. Тоа ми е тој зен момент.
Незнам зошто ми има оставено таков впечаток, ама Лефкада ми е вистинскста Грција а не како што Грција ја знаеме од краците.