Јас не знам на кои краци сте биле и дека било скапо... во Охрид поефтино да не е? Или во некоја од “елитните“ кафани во Дојран?
Јас бев со жената преку booking.com во Полихроно, на првиот крак. Околу 300евра за една недела со доручек само. За ручек, на самата плажа имаше ресторанти, 20-25евра, од 25евра поскапо немаме платено. Исти цени со Охрид. Има и поефтина варијанта, српско гиро 2 евра.
Полихроно, дали 25% имаше грци. Најмногу беа срби и македонци. По улиците коли со битолски и охридски таблици и српски само. Во центар има српско гиро околу 2 евра. За фамилијарно, со мали дечиња, многу убаво место. Најмалку 10тина апартмани имам видено од српски агенции.
Препорака: Ако одете на првиот крак, гледајте да е само од внатрешната страна на кракот. Од надворешната страна нема ниедна убава плажа со песок, се беше камењарник. И МНОГУ ВАЖНО, доколку возете по краците, пазете многу на патот. Имаше на 2 места дупки ОГРОМНИ, имаше една кола со СК регистрации. мењаше гума на едната дупка, а на другата имаше шлеп служба.