Бил ли некој на Куба и кој период од годината?
Јас бев во Август, Варадеро.
Времето беше одлично преку целиот ден освен што околу 4-5 секој ден врнеше по пола саат и после све најнормално. На Флорида која е на само 100 км се гледаше дека има невреме ама тука само малце дожд и после ништо. Температура ти е околу 25 степени колку што се сеќавам.
Август не им е сезона и нема нешто особено гужва, многу повеќе туристи има во Декември кога во Европа се иде на скијање

Не знам што те интересира поточно, Хавана како град е интересна за прошетка, како да си 50-60 години назад во времето. Плажите во Варадеро се безобразни...
Ако уплаќаш иди преку некоја странска агенција и гледај да имаш повеќе време помеѓу летовите (најчесто од Виена) бидејќи ако заради било која причина го пропуштиш летот за Куба следен нема и ти пропаѓаат парите !
Иначе цената на хотелот беше околу 500$ за 14 дена алл инклузив, 3*, ама затоа картата авионска беше околу 700$, ама тоа се цени од пред 8-9 години. Имаш и хотелски комплекси како Гранд Карибијан со голф игралишта и шопинг центри каде што цената е сигурно многу повисока.
Цените таму се пристојни, краба и морски специјалитети беа по 10$ во ресторан, за 10$ имаш влез во диско и неограничено пиење (увозни пијачки нема !) имаш нивен Бакарди рум и нивно пиво, кока кола за жал нема ни под разно, па кубалибре е повкусен во Скопје него на Куба

Народот е мирен и многу пријателски настроен, од безбедносен аспект никој не смее да те погледне попреку а не да ти земе нешто. Плажите си имаат чувари и можеш и 1.000 евра да оставиш на лежалка и да си ги земеш после 15 дена нема ни цент да фали.
Од туристи најмногубројни се Германци и Канаѓани. За влез не ти треба виза само доволно е да спомнеш дека се сеќаваш на другарот ТИТО.