Camp Nord Sam - Salzburg

Campingplatz Magdalena - Füssen



Camp Tennsee - Garmisch Partenkirchen

Сите кампови беа кој од кој поубав. Локациски гледано, Магдалена во Фусен (Баварија) имаше убедливо најубава локација, пошто е на само езеро, спроти замоците во Баварија, опкружен со зелена природа до каде што гледаат очите.
Норд Сам во Салцбург е лоциран на северниот дел од градот и има прекрасна природа за шетање во непосредна близина. Сите парцели беа убаво одделени со „ѕид“ од зелена ограда, дрвја и слично.
Тензее во Гармиш е опкружен со планинска идила, многу природа и зеленило. Овој беше и најопремен камп од сите. Имаше дури и бања за кучиња (онака као посебен поздрав до тие чиј ментален склоп им кажува дека куче е за на ланец у двор).