Очигледно многу зависи кај ќе бидеш сместен ... еве некое мое искуство околу островите
1. Законтос
Сместен во Аргаси во вила Порто Давиа (бев преку Игуана) презадоволен од сместувањето, собата како за 2 беше најголемата што сум ја имал до сега во Грција, одлична широка тераса со поглед на море. Приватна плажа, јез да тесна али супер, дворче со одлично уредено и бесплатни лежалки. Имав блиску околни плажи за шетање пр. Гераксас, Aг. Николас, Дафне. Еден ден направивме тура до Навагио, со кола бевме до Порто Вроми, бродче до Навагио, па назад, па после за панорамата за Навагио, на враќање Лимонас го видовме (одлично интересно не е плажа). Еден ден за познатото зајдисонце кај Кери. Турички до околните острови и тоа е тоа.
2. Скиатос
Мислам дека ова е остров што дефинитивно би одел пак. Некако најлесен ми се виде. Дијаметар од ~15 км го прави лесен за шетање, возење скутер/точак. Главниот пат води од градот до најпопуларната плажа Банана по крајбрежјето. Многу ми се допадна тоа што островот е исполнет со високи борови, претежно се песочни плажи. Има многу добри тури до соседните острови Скопелос и Аонисос. Островот е многу популарен меѓу младите но не во стилот на Кавос и Лаганас. Негативна работа е што траектот е 2.5 саати, доста скап за кола, но рентањето е доста ефтино.
3. Лефкада
Веќе сите пишуваа, дефинитвно најмачен остров за возење но и најубава боја на морето. Западната страна дефинитивно не е за мали деца или луѓе со фобија од длабоки води. Одлични тури до соседните острови.