Мене многу работи ми врши и пешачкиот мод на Гармин. Има детални упатства како да се дојде од точка А до точка Б, со се менувања на јавни превози како автобуси, трамваи, метроа, и со имиња на сите станици на рутата на јавниот превоз. Одлична работа за шетање и разгледување на знаменитости во поголеми градови, ама на жалост мислам дека Гармин од годинава престанаа да ги одржуваат тие мапи. Треба да проверам.
И да, Гарминот добро држи сигнал во улици меѓу облакодери (сите 3-4 модели кои сум имал прилика да ги користам).