Јас мојата мазда додека беше под гаранција ја сервисирав во Аутокомерц (така мислам се викаше фирмата) и искрено да ви кажам воопшто не бев задоволен, еве зошто... на нешто повеќе од 43.000 км и три месеца од истек на гаранција, на 2-3000 км после редовен сервис и нормално возење, од неразјаснети причини остана без масло во моторот. Се појави чуден звук па така видов дека нема масло, дотурив и право ја однесов во сервис. Ја оставив неколку дена да видат што е проблемот и ми јавија дека тоталка зарибала. По извесни натегања, одобрија нов полу мотор да речам... блок, клипови и радилица. Од кога ја направија имаше доста проблеми и тоа:
1. ги згрешија цревцата од вакумите а притоа ме убедуваа дека толку и била силата и така треба да иде
2. отпадна една полуосовина зашто заборавиле некој лагер да стават
3. чадеше ко луда и трошеше масло као ја кока кола зашто главата ја склопија со истите гумици од вентили кој притоа речиси се пластифицирале и распаднале,
4. не се сеќавам уште што ама маздата на живци ми идеше тој период, мразев дизели
И после фино лепо кај Дејан у гаража, за два три дена ја среди целосно и еве ја сеа 200к има, преде као маче, не троши капка масло, троши капка дизел а притоа многу добро иде а и не чади воопшто.
Се извинувам на долгиот пост.