Дечки ја има некој земено понудава од ОНЕ Promo тарифата од 349 ден/месечно..? Ме интересира дали се наплаќа воспоставување на повик, бидејки никаде немаат такво нешто напишано, па да си прашам пред да влетам во кашата. истотака ме интересира дали имал некој проблем од типот: поткачување на сметката, сокриени трошоци итн.
http://one.mk/tarifni-modeli-post-pejd.html
Јас го имам веќе 5 месеци. Слободно можам да кажам дека моментално ова е најдобра понуда за просечен корисник. Зошто мислам така:
1. Оне има солидна мрежа (не толку како Т, ама далеку подобра од ВИП)
2. Има доста бесплатни работи вклучено (1000 мин, СМС, ММС, 3Г ...) што на пример во понудата на Т, за 500 денари имаш само бесплатни минути кон Т и 100 кон други мрежи, нит интернет нит пораки.
3. Онлајн можеш (откако ќе се регистрираш на moj.one.mk) во секој момент да провериш состојба на преостанати минути, ГБ, смс ... бесплатно. По итекот на месецот можеш и детално да видиш.
4. Со роамлајт смс и талк, во странство смс е 6 денари, а разговор 20 ден (мислам) само доколку се успее да се поврзе.