Веќе неколку години сум на оптиката од телеком со нивниот рутер кој истовремено работи на 2 мрежи. Кабел за интернет немам до ниеден уред. Лаптопи, мобилни, телевизор се приклучени на 5гхз, а паметни уреди (сијалици, штекери, камери...) на 2.4гхз.
Рутерот е на средина во стан, во ходник, горе до посебна кутија за мрежата низ станот. Интернетот е со фул брзина 100/100, константо без никакви проблеми.
Претходно со А1, нивниот рутер работеше само на една мрежа, а и преку ви-фи губеше голем дел од брзината...