Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 299863 пати)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1845 на: 02 Октомври 2024, 11:11:46 am »
Доколку сте на А1 и имате А1 Сеф, тогаш можете да си заменувате гигабајти од сефот за интернет пакети во роаминг. Јас така правам и ок си функционира. Мислам дека 30гб од сеф се заменуваат за 3гб во роаминг, а 50гб за 10гб во роаминг.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1846 на: 02 Октомври 2024, 12:21:18 pm »
esim е одлична опција за да не се млатараш да побараш локал сим, ама доста е поскапа. Хрвативе од нивни телеком на пример за 10 ЕУР ти даваат 2 припејд сима, кои траат 10 дена без лимит.

Енглезиве продаваат на вендинг машини на апп. Тарифите се далеку поповолни од есим

https://ee.co.uk/mobile/pay-as-you-go-sim-only

https://www.vodafone.co.uk/sim-only/pay-as-you-go-sim

Отсутен Temelk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1847 на: 28 Октомври 2024, 18:21:06 pm »
Доколку сте на А1 и имате А1 Сеф, тогаш можете да си заменувате гигабајти од сефот за интернет пакети во роаминг. Јас така правам и ок си функционира. Мислам дека 30гб од сеф се заменуваат за 3гб во роаминг, а 50гб за 10гб во роаминг.

Предобра работа е тоа од А1, испробано низ Европа и Америка, до нова година и се префрламе на А1 од телеком.

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5199
  • Пиши лаже
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1848 на: 03 Март 2025, 20:43:46 pm »
Знае ли некој, дали би можел да си го откупам стариот број, доколку некој не го користи секако?
Имав еден број од основно, па би сакал да си го вратам... :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1849 на: 03 Март 2025, 20:47:31 pm »
Пред неколку години јас прашував ама не можеше,може сега е сменето.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2345
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1850 на: 03 Март 2025, 22:38:40 pm »
Знае ли некој, дали би можел да си го откупам стариот број, доколку некој не го користи секако?
Имав еден број од основно, па би сакал да си го вратам... :)
неможе .после 20 години користење на број неможев од телеком да го вратам и со допис до дојчланд не може

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1851 на: 04 Март 2025, 00:27:18 am »
Знае ли некој, дали би можел да си го откупам стариот број, доколку некој не го користи секако?
Имав еден број од основно, па би сакал да си го вратам... :)

И јас не успеав да си го вратам стариот број по легален пат.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6842
  • Бенве сие бенве
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1852 на: 04 Март 2025, 07:20:17 am »
Оди напрај си договор и одбери го точно тој број на некоја минимална претплата штом е слободен и никој не го користи ако толку ти значи.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2345
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1853 на: 04 Март 2025, 10:01:49 am »
Неможе ни тоа и јас така пробав не може

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2345
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1854 на: 04 Март 2025, 10:11:41 am »
Знае ли некој, дали би можел да си го откупам стариот број, доколку некој не го користи секако?
Имав еден број од основно, па би сакал да си го вратам... :)

И јас не успеав да си го вратам стариот број по легален пат.
и по легален и не легален пат треба во Германија да се одобри бројот има некои меѓународни процедури пробав се и со директор од телеком пак ништо едноставно нема враќање на број се пробав.А тоа вработено педерче на шалтер што де издресирани да го доведуваат во заблуди народот клиентиве проба да ме нешто подјебува па чикај синко татина феминизирана лепотица сеа мајмунот ке го родиш 15% од плата па ке научи customer service , со душа го чекам 3иот оператор од овие а1 телеком поголема катастрофа нема да плаќаш поголеми интернет и телф услуги повеќе од струја тоа само во МКД го има 😂.Ке видиме третиот оператор маџарски што ке понуди Али верувам пошто ке биде МКД инвестиција од ценетиот еден и единствен на современа МКД што ја имала ке направат одлични пакети и понуди.Гордо Македонијо a 🇲🇰

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1341
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1855 на: 04 Март 2025, 11:52:06 am »
Јас пред скоро 2 години не им потпишав договор на Телеком, а останав со супер претходно пазарените тарифи. Кога го направив есапот дека буџетот е за дупло поскапи апарати, излезе дека е подобро да не им потишувам.

Исценканото пред 4 години е следно. 7 броја по 470 ден ( сосе ддв) кои имаат 20 ГБ, неограничено пораки и повици. Стандард балкан роамнинг и сите по 500 мб во роаминг, што за вибер пораки е ок.
Ме цепаат 1100 + ДДВ за 2 линии на фиксна со 200/200 интернет 50 минути интерн. повици, неограничен локал/мобилни. Имам и циркус факс то имејл опција, бидејќи имам сеуште препотопски купувачи кои праќаат факс.

Сега ги немале тие тарифи а новите се 40% поскупи, барем за мобилна. И еве ги зивкаат еднаш месечно за договор.  Ама јок.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1856 на: 04 Март 2025, 12:21:55 pm »
Се префрлив на А1.

1.300,00 плаќам, Ultra XL тарифа, бесплатно сè, 100 минути кон странство и до 13 гига месечно интернет во роаминг.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1857 на: 04 Март 2025, 16:29:24 pm »
И мое искуство да споделам, кратко ваљда ќе биде:

Слкучив договор со Телеком со некои попусти вакви онакви, си реков ај ќе бидам на Телеком малце како што се соте буџовани, да видам што е.

Си терав така две години, супер ми беше, си решив да продолжам така на неопределено бидејќи немаше подобри понуди, кога Телекомци си имале друга идеја - по истек на договор кратат секакви попусти, кратат канали на ТВ, кратат све :)

Кратите вие, ќе кратам и ја - си отидов во А1, "здраво, оптика, ТВ и два броја сакам". Еве, повели, ваков попуст таков попуст.

"По истек на договор ќе го скратите попустот?"

Не кратиме.

"Кај да потпишам?"

Телеком си ја зеде опремата за оптика, по 2 дена дојде истиот човек, донесе ист рутер само видно поминат низ две молерисувања во некој дом, го уштека и продолживме на истиот кабел на Телеком, само за кумулативно 900 денари пониска сметка месечно.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2345
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1858 на: 04 Март 2025, 17:07:40 pm »
Отварање очи со оператори што се потпишува како што се нуди,Јас имам со а1 необврзувачки договор јадната таа од кол центар секој месец ми нуди ултра пакети😂😂викам не потпишувам не ми треба плаќам од месец до месец ако сакате исклучите ме исто ми се фаќа ама ова она одјеби 24 месеци да ти потпишувам не сум ретардиран а и не ми треба вие имате потреба од мене не јас од вас.И без договор сум секој 16ти преклоп на сметка без договор еднаш 2 месеци не платив изгоре телф😂😂😂😂абе викам слободно исклучете ме немам проблем.Маме ебат на народ ама тие вработени де за ебење тоа подмукли створење море крф да серат за трње да се држат-клетвата секој ке го стигне што се огрешил пакетче вакво онакво бесплатно ова она мршшш! Таму превари едни.Отварање очи јас и ги добив на граѓански каде вработена сменила датум и потпис солзи е лиела како Брегалница надојдена на есен а1 се огради приватно си ја терав да видиш како пропеа кој и наредил се до детаљ , не ми беше мекичка-нежничка и ке ја еб*в да памти како не треба!! 🍻 што битки сум извојувал за 2 год тоа е мајко мила.. to be continued 🍻🍻

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1859 на: 04 Март 2025, 17:13:39 pm »
Пред неколку години држев некои обуки во Вип, уште пред да биде А1, и тогаш ми завршија работа за супер договор со неколку екстра пакети, итн. Договорот е одамна истечен, ама си тера истата претплата и истите услови.

И пред околу една година, ми се јавува агент на телефон:

„Добар ден господине, дали би сакале да го обновите договорот. Ако го обновите ќе плаќатеее.... Повеќе отколку сега. Не го обновувајте. Пријатно!“

Цареви. :D