Јас сум прилично задоволен од ВИП (односно Близу, е*емлига) за интернет кај мене. Имам некој legacy пакет со 150 мбит даунлоад (торентот фуче) и 5 мбит аплоад (качување ствари на јутуб трае вечност). Стабилноста е добра, нетфликс-метфликс и слични сервиси си функционираат беспрекорно, јутуб функционира беспрекорно, не се замарам едноставно.
На мрежа се врзани еден куп уреди, некаков посериозен проблем не сум имал. Знае од време на време да затупави, ама ептен ретко се случува тоа и обично брзо ги решаваат проблемите (и се јавуваат после на телефон да потврдат дека проблемот е решен).
Канали.. Да бидам искрен, спортски канали не ме интересираат. На главниот телевизор не ни имам уклучено антенски кабел, све што гледам е од нет.