Па и телеком не се нешто подобри со телевизија. Само арена што ја држат. Другите канали малтене исто се.
Колку што знам, ако нема оптика, туку линијата ти е преку оние две бакарни жички поставувани уште од времето на СФРЈ, ондак нема брзина над 12 мбпс. (божем најмоќен оператор, со демек најстабилна мрежа, уште со таа технологија испорачуваат сигнал)
Тоа 30 мбпс, 50 мбпс чинам само ако има оптичка мрежа, така да ако линијата е на бакарните жички тогаш џабе би го бирал L пакетот каде што нудат 50/50 брзина.
Ако грешам нека ме поправи некој.
А иначе може да се гледаат ХД канали и на бакарната инсталација, на таа брзина од 12 мбпс.
Кај ВИП проблем е upload-от. Наводно на коаксијалниот кабел неможеле високи брзини да пуштаат и затоа пуштале до 5 мбпс аплоуд. И не им чинат тоа нивните рутери, немаат голем домет на wi fi сигнал.