Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 323400 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1470 на: 18 Август 2018, 10:21:47 am »
Значи пак си користел, иако не си планирал, пошто нели “технички проблеми”.
И чуму курчење не ми е јасно?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2172
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1471 на: 18 Август 2018, 15:39:59 pm »
Чуму,нејсе,чинам пошто ти си му се искурчил прв. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20803
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1472 на: 18 Август 2018, 19:02:56 pm »
Чуму,нејсе,чинам пошто ти си му се искурчил прв.

Како е ова

Цитат
GPRS е протокол за пренос на податоци, така да, да, си користел интернет на телефонот. Дали си планирал или не, тоа е друг муабет.

курчење леба ти?

Чоекот праша дали може преку гпрс да троши интернет - може, пошто е протокол за трансфер на податоци.
Он не планирал да му биде пуштен нетот во роаминг, арно ама пак биле шалтани податоци поради “технички проблеми”. Значи пак бил користен интернет на телефонот, кој он не го планирал.
И што е тука нејасно?!

П.С. “Технички проблеми” кај оператор е познато кај народот како “ако пројде, пројде”. Има гооооолем број на корисници кои ќе наведнат глава и ќе си платат, и тоа се чисти пари за операторот. Добро е што има и такви што праќаат приговори и одбиваат да бидат стрижани. Тогаш веќе станува збор за “технички проблеми”, “се кликнало” и ред редом други објаснувања.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1473 на: 18 Август 2018, 19:32:19 pm »
во странство да исклучиш дата роуминг како сервис во телелкомо во кој што си „ало, добар ден, дата роуминг да ми исклучите - ок, нема проблем, фала пријатно“ и раат.

Чув дека во ВИП ова го имало, во Телеком не можело, дали е вистина не сум проверил.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1474 на: 18 Август 2018, 21:12:29 pm »
Во вип го има и јас го исклучив одамна, само го направив тоа во салон, да си имам документче црно на бело

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1475 на: 18 Август 2018, 23:59:17 pm »
Да така моја препорака, извадете си ја картичката на граница во меѓувреме купете си на Wind GR (https://www.wind.gr/en/for-individual/wind-mobile-broadband/mobile-broadband-without-contract/order-mobile-broadband-online/ 20GB со валидност од 60 дена за 18еур) или Telenor BG при-пејд и сурфајте на раат. Алтернатива е од самиот оператор да побарате ограничување во роаминг да немате интернет, но не го нудат кај сите корисници колку што добив инфомрација и од двата оператори.

Јас пак да си се повторам, не си играјте со нашиве оператори. Дури и врботените го јадат некад, знаејќи каков им е системот. 15/20еур не се многу пари а и одморот ќе ви биде порелаксиран, кога знаете дека нема да има потреба да барате вифи доколку во моменто ви треба некаква информација од гугл мапс, трип адвејзор или што и да користите како туристички водич ;)

Спомнав дека, скоро секад кога сум во роаминг иако сум iOS корисник и со андроиди некад уз "зорт" се случувало истото, се префрла на друг оператор и покрај тоа што ми е исклучено не само Data Roaming, туку општо Data и да се вратам во Македонија не би имал интернет, не знам поради која необјаснива причина уредот се приклучил на интернет и на друг оператор и ми стигаат нотификации :) Баг во телефонот не ќе да е.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1476 на: 19 Август 2018, 10:36:11 am »
Пак ќе напишам, кај Андроид телефоните сервисите за локација, продавницата, и слични системски сервиси можат да користат податоци/мобилен интернет/итн. без разлика дали си ти одбрал да го уклучиш или исклучиш. Ако некој го испрограмирал во позадина, што сакаш му прави тој ќе си лапка килобајти во роаминг.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1477 на: 19 Август 2018, 18:53:52 pm »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1998
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1478 на: 19 Август 2018, 19:20:50 pm »
Во вип може да се исклучи интернетот пред недела дена бев во салон ми го исклучја само него и ми дадоа документ за истото, претходно ми беше све исклучено но имаше случај кај што требаше да ме бараат на телефон и преправив во салон.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1479 на: 23 Август 2018, 23:07:08 pm »
Едно време MMS беше нај подлиот начин да ти се протне трафик. Дури на некои телефони не можеше да се спречи ако си во роаминг а е подесен да автоматски да прими слика.

Инаку, технички AGPS  користи пристап до интернет.

" Utilizing this system can come at a cost to the user. For billing purposes, network providers often count this as a data access, which can cost money, depending on the plan.[3]
To be precise, A-GPS features depend mostly on an internet network or connection to an ISP"

https://en.wikipedia.org/wiki/Assisted_GPS

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1480 на: 29 Септември 2018, 18:41:06 pm »
Да споделам, речиси дво-месечна голгота со сервис на мобилен под гаранција и Вип оператор.

Користев Sony Z3 речиси три години. Договорот со дотичниот оператор подистечен, бааги. Едно сабајле, из-чиста-мира, со Сонито е невозможно да го слушнам соговорнкот од другата страна, ептен изгуби глас. Пробав со фабрички ресет, со чистење на звучникот - ништо.

Поминаа три дена, телефонот е невозможно да се користи нормално. Се наполнив со нервоза - едно што ми откажа основна функција на уред, друго што телефонот беше чуван премногу, дури до екстрем.

Добро - си викам, ова може само на мене да ми се случи. Кога ќе ги видам некои типови со распрснати екрани, целите телефони испогребани, исчукани, излупени, мака немаат. Мојот, очуван..

Си викам - мајку му, дали може некако да ме подјебаваат од Вип, да ми попречуваат сигнал, појма неам, пошто ми е истечен договорот, па да го продолжам. Се јавуваа едно 200 пати, "договорот е истечен, ова да ви понудиме, она..". Луда држава, башибозук, од кај да знам. Не ми се веруваше премиум телефон да покаже ваков дефект имајќи во предвид колку го пазев.

Да си ја испробам теоријата, и поради огромната доверба во брендот Сони, купив припејд бројче од Телеком.

Ништо работа и со таа мрежа.

На крај, отидов и го продолжив договорот, а пошто малку бев тенок со пари, се одлучив за Нокиа 6. 19.03.2018 година.

22.07.2018, значи после околу 4 месеци од купување, Нокиата престана да полни, односно полнеше прееееееемногу споро. 20% за околу 9-10 часа.

На 25.07.2018 го оставам во салон, да го пратат на сервис. Овластен - некои Промограм.

Во меѓувреме, го оставам Сонито на поправка во локален сервис, пошто останав без телефон. За 2 саати ми се јавуваат, нов софтвер ставиле, да го земам и да го пробам ден-два.

Да, испадна софтверска глупост, Сонито повторно работеше како нов.

Нема глас од сервисот точно 30 дена. На 30-тиот ден, ми се јавува девојчето од салонот - телефонот бил поправен, го вратиле. ОК викам, идам одма да го земам. 24.08.2018 година.

Одам, го земам, се враќам во кола, сав среќен - па дури и стакленце заштитно си купив. Ја ставам сим картичката, го вклучувам - копчињата доле не работат. Косата ми се наежи.

Се враќам во салонот, објаснувам што се случи и девојчето ми вика "аха, пак ќе го вратиме на сервис". Молам? Пак на сервис? Јас сум месец дена без телефон. Нема проблем, вратете го, видете дека телефонот е пак дефект, и сакам да ми дадете нов, пошто, нели - 30 дена ги ебавте. Запишува девојчето на приемниот лист дека сакам нов телефон.

Вртење во контакт центарот, објаснувам што-како, "ама господине, запазен е рокот од 30 дена". Како бе запазен е, 30-тиот ден ми го враќате, еден дефект поправивте, друг направивте?

Се јавувам во сервисот. "Аха, господине, вратете го, ќе го поправиме". А бе вие нормални сте? Нов телефон, организирајте се со Вип, не ме интересира. Се дерам по телефон, му кажувам да си ја признаат грешката, да си компензираат од сервисерот, ќе ги пријавам до пазарна, финансова, трудова, АЕК, приватни тужби, и така едно 15-тина минути.. И таков, мртов ладен тој од сервисот: "Слободно пријавете во пазарна инспекција, на нас секој ден ни бараат нови телефони, што ќе биде ние ако даваме..?" А бе, гомно едно, да сте си ја сработеле работата како требало, немаше да дојде до ова.

Порано, кога ќе им се спомнеше инспекција, гомното им се смрзнуваше. Сега, они те праќаат, такви - сигурни, самоуверени, што ме наведува на тоа да помислам дека и тие се врзани помеѓу себе, така да - нема никаква заштита на потрошувачи во оваа мочана држава.

Енивеј, при првото сервисирање била заменета "главната плоча". Кога го вратија телефонот, знам дека тој мочкото во сервисот што се учи од YouTube како се поправаат телефони, заборавил да го кликне конекторот за трите копчиња пред да го залепи екранот.

После 17 дена, го враќаат пак телефонот, со "поправен конектор". Ми се јавуваат од салонот, телефонот е вратен од сервис, поправен. Одам таму, викам дека ако е стариот телефон, ич да не ми го дава. Сакам нов телефон. Јас сум 47 дена без телефон, а они поштено со вуду трик си го ресетираат рокот на сервисирање од 30 дена, кога ми вратија неисправен телефон. Демек - второ сервисирање. Не го подигнав телефонот.

Се јавувам во контакт центарот, со поплака. Запознаени со проблемот кој се влече веќе месец и пол. "Во ред господине, ќе пријавиме до надлежната служба и веднаш ќе ве контактираме".

Чекав уште 4 дена, еве ја таа пуфлата од надлежната служба "господине, на вашиот уред при првото сервисирање е заменета главната плоча, што практично значи дека ви е издаден нов уред, а сега поправката на конекторот се смета за прво сервисирање".

Ретко останувам без зборови. Ова беше една од тие ситуации. Што, еден телефон е составен само од главна плоча? Ами екран, звуник, камера, куќиште, антена, и мал милион делови внатре? Банана држава е комплимент за оваа нашава.

Си викам, остави, два месеци сум без телефон што си го платив поштено, да одам да си го земам и у курац и Вип, и сервис, и телефони и се.

Одам, како грешен ѓавол, јас испаднав глуп во целата ситуација, демек попуштив, и отидов да си го земам телефонот што веќе ми одмили.

Го земам, си идам дома, ставам сим картица. Не врзува на мрежа. Три различни сим картици, два оператори, два фабрички ресета. Ништо.

Вртам на дечкото во салонот, пошто се знаевме и од претходно - не ми дига. Вртам во контакт центарот, и се изнавикав на момето што случајно ја имаше среќата да се погоди, колку да се издушам, иако знам дека не е виновна.

Поштено, customer supprot на Нокиа, имаат чат услуга, поштено ги пријавив и операторот и сервисот, уште истата вечер. Ми побараа од таму гаранција, фискална сметка и работните налози да им ги сликам.

Утредента, накострешен уште во 08.00 да ги терам у курац тие од сервисот. Се јавувам, го барам дотичниот Зоран, му кажувам што се случи сега - значи трет дефект, од кои два се директна нивна кривица. Како бе пуштате телефон од сервис, без да го истестирате?

Веднаш осетив друга интонација во разговорот, откако му кажав дека се пријавени како сервис во ХМД Глобал, уште синоќа. "Во ред господине, пратете го телефонот со се кутија со се внатре, ќе издадеме налог за замена". Значи, 50-тина дена, веќе и не броев. Што ќе се случеше ако ја немав кутијата, ако ми беше фрлена, слушалките ако беа загубени, се прашувам? Дали ќе добиев замена?

Испадна сасвим друг проблем. Го немаат тој телефон во понуда веќе. Си побарав Нокиа 6.1, што реално е за класа подобар телефон.

Чекав уште 7-8 дена ако не се лажам, господата од Вип да одобрат замена, па да проверат во магацин дали имаат.. Смешки, значи.

Конечно, стигнува телефонот во салон, ми се јавуваат, и ми бараат 1.000,00 денари доплата. Решив да си ги платам, едно што немав повеќе живци и време да се расправам, а друго што сега планирам да ги реметам со гаранцијата и со надомест на штета.

Пишам мејл, сега како го решаваат тоа што два месеци телефонот дремеше во сервис? Дали го надоместуваат времето? Дали сега на новиот уред имам 2 години гаранција, или година и пол? Добивам глупи одговори, у стилу:

"Почитувани,
Ви благодариме на Вашиот допис.
Би сакале да Ве известиме дека гаранцијата за новиот уред важи од денот на издавање на истиот."

"Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека гаранцијата на уредот кој Ви е издаден како нов почнува да важи од денот кога е издаден на корисникот."

Јас им пишам:

"Не разбирам. Ќе Ве замолам да ми поедноставите.
Првиот уред е купен на 19.03.2018 година. Гаранцијата важи до 18.03.2020.
Уредот ми е заменет со нов, на 20.09.2018 година. До кој датум ми важи гаранцијата за новиот уред, ТОЧНО?"

Они:

"Почитувани,
Ви благодариме на Вашиот допис.
Би сакале да Ве известиме дека гаранцијата за заменетиот уред почнува да важи од 20/09/2018година."

Уште се смеам. Баталив тоа, и си го толкувам како да имам две години гаранција. Не дај Боже да ми затреба.

Пак им пишам мејл, на 24.08.2018 година:

"Почитувани,
Кој е првиот чекор со кој би можел да отпочнам постапка, со која барам надомест на штета поради спреченост за користење на уред кој бил на сервис во гарантен рок од 25.07.2018 г. до 20.09.2018 г. согласно чл. 490 ст. 2 од Закон за облигациони односи?".

Они ми враќаат:

"Ви благодариме на Вашиот допис.
Би сакале да Ве известиме дека Вашите забелешки се проследени до соодветниот оддел со цел да се направи дополнителна проверка, за што ќе бидете навремено известени.
Ви благодариме на трпението".

Уште чекам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1481 на: 29 Септември 2018, 19:23:48 pm »
Само ајфон и само бенве

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2172
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1482 на: 29 Септември 2018, 20:04:44 pm »
Само Телеком.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1483 на: 29 Септември 2018, 20:19:46 pm »
Телеком?
Во телеком уште малку, ќе остане само бордот, за другите работи се ангажираат надворешни фирми...
Не дај боже да се заплеткаш со нив, пинг понг.

Вип?
Се е кажано за нив погоре.

Само среќа у гс во оваа држава каде сите компании почнаа да функционираат како македонија пат која склучува договор со надворешни фирми да и ја завршат работата.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1484 на: 29 Септември 2018, 20:30:01 pm »
шо ви е крива државата кога имате спор со приватни фирми, ете утре имате шанса продајте ја и чекајте подобро утре