Според математиките што јас ги направив, од моменталните оператори, повторно А1 нудеше најмногу за парите и моите потреби, а субвенцијата која следеше после продолжување договор секако не беше пресудна... А и извесно време си стоеше, не знаев за што да ја искористам

Тоа што не знаат кај тераат е позната приказна

Домашниот интернет брка работа за моите потреби/непотреби, 150/150, а околу гејминг, кај мене дома тоа е ерор 404, гејминг нот фаунд

Телевизијата е ок, да врти нешто кога сум седнат да мезам со ракиче и кога јадам, имам ХБО Макс, а преку нет сеф, колку да се троши сефот уклучувам Скај Шоутајм или Нетфликс (ова ми беше заради да ја догледам последната сезона од Стренџер Тингс, што ја разлигаја во Нетфликс стил

)
Мобилнитот, неогранилен 5г интернет, интернет за во странција (можност за дополнителен таков преку нет сеф), неограничени разговори со сите мрежи (плус минути за во странција, плус можност за дополнителни преку нет сеф)...
Во поглед на тие услуги до сега не сум имал проблем.
Али тапа се кога треба нешто со нив чоек да се оправа, мигрирање на приклучок на друга адреса, менување на опрема, купвање на нешто што треба да го достават... За тие ствари докажано, 10/10, загарантирана утка
