Аман бе луѓе, поентата е КОЛКУ ВРЕДИ КОЛАТА. Не се релевантни тие муабети "МЕНЕ МЕ КОШТАШЕ" волку...
Ако ја нема тука, а сакаш да ја имаш ќе биде и те како релавантен муабетот, затоа што тебе ќе те кошта. Ако вреди 10к во Германија а ја нема тука, не може да биде иста цената, бидејки за да ја донесеш тука ќе платиш многу повеќе од 10к. Нормално ако цената е нереално висока кога ќе пресметаш грубо давачки тогаш се слагам со тебе, ама тука пак е моментот на состојбата на колата. Ако се сменети скапи делови и направени сите сервиси тогаш нормално е да вреди повеќе од таа во Германија.
Ова коментариве на цениве ми делуваат малку незрело. Не зборам за Мустангот и Нисанот, не знам ништо за тие модели, туку општо. Ако е овдешна кола купена од салон ко тоа ауди 4ката пред некое време: еееее скапа е за македонски километри истрескана е, шо ќе ми е темпомат со радар, ентериерот не ми се свиѓа флеки се праеле....ако е увезена: ееее оваа многу е скапа шо ми е гајле колку те коштало да ја донесеш...Пак муабетот околу кладилница/коперација се сврте, ќе ти најдам оваква, ќе ти донесам онаква за дупло помалце/плати му на некој да ти ја царини помалце (ова и јас го направив додуша

), али сепак ај донеси ја па ќе прајме муабет. Математика на жими мајка, рекла казала и со листање огласи не се прави.
Првите и најефтините огласи на мобиле/аутоскаут исл, се ѓубре еве и Луки потврди, исто ко нашиве ЧИСТО НОВО, УНИКАТ, ПРОТОТИП, ЖЕНА ЈА ВОЗЕЛА (може да ја однесам на сервис? аааа не може не е регистрирана еве гледај ја тука донеси си мајстор....ај ако не цел сервис да го донесам).
-Прво сликите на оглас ништо не кажуваат за колата, во живо е сосема друга приказна и звук и моќност на мотор и вибрации и фарбано и р'ѓа и мирис на мувла/сирење/леш/пепељара (јас лично не би купил кола шо смрди), дур најдеш саглам кола во странство ќе поебеш х пари.
-Второ ко ќе ја однесеш на сервис (ако имаш 2 чисти у главата) ќе искочат уште 100 други гремлини, сензорче ќе треба да се смени, греач, свеќица, ремен, ланче, плочка, стабилизатор...и на тоа ќе поебеш х пари
-Трето имаш цел процес на купување/увоз/транспорт до тука кој го објаснив 2 страни поназад па во математиката додајте ги и тие х пари за било каква кола.
А ако се бара највисок квалитет (барем во Германија) тогаш се иде во официјален салон од било кој бренд, таму се нудат користени возила со гаранција од 1, 2 или повеќе години, НО тие се минимум 30% поскапи од плац или физичко лице и тука пак ќе улета маалскиот муабет: Е како не, Голф 6ка за 10к, ја од Бугарија ќе ти донесам за 6к.
Друг момент се сосема несоодветни компарации како Мустанг со Нисан, Ауди со Пасат и слично. Не сака чоекот Нисан, Мустанг сака, исто ко ти шо сакаш Голф наместо Киа.