Мерцедесот е донесен од Австрија пред околу две години. Моторот е AMG и единствен проблем кој може да го има, доколку е коректно одржуван, би бил околу свеќичките и бомбините ( 16 свеќички и 8 бомбини ). Конкретниов моментално нема проблем, па чисто превентивно би било убаво да се заменат сите 16 свеќички кои чинат по околу 1000 денари од парче во МакАутоСтар.
Менувачот му е во ок состојба, подвозјето исто, има нови дискови и плочки но, има малку корозиичка покажано во гепекот под резервната гума. Треба да му се стават други гуми, треба да се регистрира бидејќи регистрацијата му истече во август 2016- та. Тоа на воланот лесно се корегира, а дечкото што го продава нуди и опција да стави друг волан. Плинот за него е околу 850 евра. Повеќепати го пробував и возев и разговаравме за цената. Пред три месеци му нудев 4000 евра, не прифати бидејќи во тој момент не го спушташе под 4600 евра.