Да да за Мондео мислев, премногу ми се допаѓа, а МК3 2.0 тдци значи не е ПСА? Јас мислев и тој е.... Кој 2.0 тдци беше со ланче да не знаеш? ПСА или Фордовиот? Мислам дека ПСА е подобар мотор или се лажам?
Нешто читав дека имале проблеми со електрониката, ама искрено не верувам на тоа што го читам, мислам дека луѓево претеруваат. Зарем Форд би дозволил врвот на неговото производство (Мондео) да има такви проблеми.
Фала Луки 
Моторите на Форд во МК3 се со ланче, и е практично вечен. Многу повеќе проблеми ќе имаш со инјекторите и замаецот.
Во МК4 дизелите се со ребраст, на кои првиот се менува на 180-200к или 7 години, а секој нареден на 150к или 5 години. Проблеми со електроника не знам дали има. Финтата е што тогаш почнува првата генерација на Форд Sync и Connected Drive, па имаат проблеми со целиот infotainment систем заради Икс причини, кое исто е проблем со електрониката. Другото е на тие со 5та врата влегува вода во снопот кабли позади, но мислам дека Форд има правено сервисна акција, па проблемот е решен.
Инаку да, ПСА моторот се води како поквалитетен, затоа што мислам дека горивниот систем е на Бош, а не на Сименс/Делфи.