Кола во Германија можеш и без ТУФ да ја пробаш, возиш и купиш. Си вадиш од тие жолтите таблици за 5 дена што се (за привремено регистрирање), ги закачуваш на кола, тестираш, возиш, носи ја на ТУФ, технички, абе што сакаш и прави.
Зошто би плаќал третина од цената на колата, кога можам за 70 евра да си извадам сам таблици?
Мене друго ме чуди: Како повеќето Македонци/Бугари/Срби (Балканци) само научуваат за такви работи и шашми. Со луѓето со кои чат-пат седнувам на муабет, пиво, некои од “нашите“ се лепат и ложат на такви глупости/работи. Се доселил пред неколку месеци, и веќе знае сѐ за сите тие шашми/глупости.
(Невер, не зборувам конкретно за тебе, да не се разбереме погрешно).
Немаше ни да се пронајдам во постот да не ме беше спомнал на крај од него

Не сум таму моментално, тоа го знам најмногу по кажување од мои блиски луѓе кои верувај ми не отишле таму како азиланти, разноразни мајсторинки со БГ пасоши или да работат за минималец. Не се чаламџии и тоа се нивни искуства кога купувале за прв пат кола во Германија. Факт е дека кога пребарува човек кола на мобиле.де првите три страни треба да ги прескокне, наредните три се читаат со резерва па дури од 7ма страна натака може човек сериозно да ги сфати огласите. Све се тоа Косовари, Пакистанци, Бугари, Полјаци.