Кола во Германија можеш и без ТУФ да ја пробаш, возиш и купиш. Си вадиш од тие жолтите таблици за 5 дена што се (за привремено регистрирање), ги закачуваш на кола, тестираш, возиш, носи ја на ТУФ, технички, абе што сакаш и прави.
Зошто би плаќал третина од цената на колата, кога можам за 70 евра да си извадам сам таблици?
Мене друго ме чуди: Како повеќето Македонци/Бугари/Срби (Балканци) само научуваат за такви работи и шашми. Со луѓето со кои чат-пат седнувам на муабет, пиво, некои од “нашите“ се лепат и ложат на такви глупости/работи. Се доселил пред неколку месеци, и веќе знае сѐ за сите тие шашми/глупости.
(Невер, не зборувам конкретно за тебе, да не се разбереме погрешно).