^ Астрата ти е со CDX опрема, 99% сум убеден дека била таксирана, километражата е 100% вратена на последна допуна на фреон во клима кај Коне. Имаме во двор астра со иста опрема и со 277к км па тапацирите не се толку избледени и разжабени. Плус воланот е во навлака и копчињата на свирката се партал напраени што еве на мојата не се а има „дупло“ повеќе поминати километри. Конкретнава би ја заобиколил.
Ако си решен за Астра те советувам да бараш 1.6 бензинец, па со плинче да ја утепаш од возење. Внимавај климата да е исправна да лади и компресорот да не вади чудни звуци. Исто и подвозјето да е во солидна состојба, а за се останато имаш избор на нови и половни делови за разумни цени.
За било која Астра најтопло ти препорачувам замена на предните седишта со седишта од иста генерација на Астрата само со 3 врати, поради нивната ергономичност, а и повисок квалитет на платно „кардура“ или нешто така се вика материјалот.