Точно. Не можеш да добиеш атест за предни стакла ако се затементи повеќе од 30%. Хипотетички речено, да направиш дубара кога го вадиш атестот или на било кој начин во сообраќајна да ти напишат дека атестот е и за предните стакла тоа не значи дека си чист пред законот (читај пред жацо). Жацо ако се посомнева дека предните се затементи повеќе од дозволените 30% може да те упати на вонреден технички преглед каде што ќе утврдат дека си го прекршил законот и освен што ќе ти каже да ги отстраниш фолиите ќе си добиеш и честитка од жацо. Ако жацото е поупорен и сака да се позанимава со случајот (читај да си добие поени кај претпоставениот или ете му фаќа акалот троа повеќе) може да го проследи случајот до надлежниот инспектор па да утврдат кој, како, кога и за која цел (читај ќеш) учсетвувал во дубарата па да наебат и други луѓе, секако криви и должни.