Брееј ама сте ми интересни, трома била, не влечела, залетувања глубости. Количето си е одлично, комфорно, простано, тивко во кабина, управување сон! За фамилија е одлично, пошто со две мали деца не мрдам појше од 100км/ч па и авион да имам. Ако сакате да ви влече и да се тркате низ Скопје со други сто мислат ко вас, купете си некоја РС верзија на било која марка. Мада сеа со намалено ограничување и зголемени контроли и 300 коња да имате ќе си возите 50км/ч низ СК.
не е работата колку ќе возиш дали 50 или 200, работата е со колкава мака ќе стигнеш до таа бројка

а и никој од нас не ни помисли за трки да ја споредува колата, туку и мене и на даме од лично искуство (јас ја имав 1 и нешто и поминав 40 илјади град и надвор) наше мислење е дека не би ја препорачал колата на никој.
во право си само за управувањето, тоа беше стварно топ, кога ќе ја залетав од кале надоле кај базенот тука кривините како ми лежеа, сон!
