Благодарност до Луки за посочениот сајт за автомобили, не сум го знаел до сега. Меѓутоа на нешто друго мене ми запна око, што немора да е точно, меѓутоа има многу сличности.
Имено, разгледувајќи огласи тука на нашите сајтови, конкретно ми се допадна
овој Мерцедес. Изгледа генерално фино, впечатлива боја, добри бандажи итн. Поминати километри 190000, нормално за сите автомобили огласени во Мк. Случајно, разгледувајќи го сајтот посочен од Луки го најдов
овој Мерцедес. Премногу сличности нели ? Мала шминка, и на продажба кај нас. Повторувам, не тврдам дека е истото возило, но бојата, бандажите, држачот Пионир за мобилен вероватно и пар други работи ме наведуваат да помислам дека е истото.
Не ми е целта да го дискредитирам продавачот, туку ако некој конкретно е заинтересиран за ова возило нека го провери убаво.