Не ја фалев дечки и појма неам која е, освен како што кажаа дека има генерално добра цена за фејслифт модел од 2005-та.
Поентата ми беше дека оваа од 2005-та со наводно 240к поминати изгледа стакло, а оние што најмногу се продаваат кај нас како алва се модели од 2000-2003-та со наводни 180-200к со распукана кожа, излижан волан.
П.с. Дени, што сум видел?
Mercedes c220-ка од 2001-ва со наводни 190,000, префарбан цел до точка, со СКАЈ кожа внатре која е како од салон и со сите потребни додатоци, на пример дури и „оригинална“ прва помош на задно седиште. Воланот беше нечепнат, нормално не смееше на сервис да се носи зашто истечена дозвола за возење и по поблиска инспекција испадна дека од внатре цела рѓосува, отидени амортизации и слични тракатанци. Колата на прв поглед изгледаше „коска“, земи и носи дома.
По проверување на серискиот испадна дека таа школка не ни дошла со кожа

По ова искуство, баталив увезени коли и си земав „домашен“ бензинец.