Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4555556 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #7995 на: 24 Септември 2014, 19:31:06 pm »
Никогаш не разбрав што е проблемот со колите возени такси. Не се цедени на аутопут, не се малтретирани од неебани пубертетлии, возени се од страна на колку-толку искусни возачи со многу километри под газот,се вади леб со нив ваљда се колку-толку пазени и одржувани...

Оставам можност нешто клучно да пропуштам, па затоа некој љубезен нека ми објасни.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #7996 на: 24 Септември 2014, 19:36:00 pm »
Да видиш во Тетово како им ставаат масло SAE 30 ќе те прашам дали би сакал да купиш од нив кола...

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #7997 на: 24 Септември 2014, 19:37:30 pm »
Која кола вози 150 на калдрма?
- Службената...и такси :)

Не сум сретнал зачувана кола од такси компанија.
Освен некој што си ја вози сопствената, а се уклучил во некоја такси компанија, за да си го заработи лебот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #7998 на: 24 Септември 2014, 19:37:57 pm »
Седиштата се пред фрлање и комплетно пропаднати обично. Освен ако не е мечка со кожа. Волан треба да се ретапацира, менувачот е изабен. Се ставаат најефтини делови, значи гуми, кочници и слично. Тие треба да се проверат и веројатно сменат. Издрндани се вратите ако не е германско возилото и не работи електриката најчесто...

Види такси кола што не е мечка како изгледа и ќе сфатиш. Далеку од тоа дека нечинат, но се гњавени во ентериерот и вратите доста.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #7999 на: 24 Септември 2014, 19:39:53 pm »
Која кола вози 150 на калдрма?
- Службената...и такси :)

Вицов за службената го разбирам, и тоа многу добро  ;) ...ама такси? такси не сум видел да лета 150, ни на калдрма ни на некалдрма.

Не сум сретнал зачувана кола од такси компанија.
Освен некој што си ја вози сопствената, а се уклучил во некоја такси компанија, за да си го заработи лебот.

Јас неколку години идев со такси до работа и назад и на тие флуенсите ништо не им фалеше... барем од перспектива на патник.

Седиштата се пред фрлање и комплетно пропаднати обично. Освен ако не е мечка со кожа. Волан треба да се ретапацира, менувачот е изабен. Се ставаат најефтини делови, значи гуми, кочници и слично. Тие треба да се проверат и веројатно сменат. Издрндани се вратите ако не е германско возилото и не работи електриката најчесто...

Види такси кола што не е мечка како изгледа и ќе сфатиш. Далеку од тоа дека нечинат, но се гњавени во ентериерот и вратите доста.

Овој аргумент со интериерот веќе држи вода... но, уништен интериер сум видел само кај прастари такси-канти, со 20+ години коли. Али, ок, ова веќе личи на аргумент. Тенќу.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8000 на: 24 Септември 2014, 19:43:03 pm »
Некоја чудна ситуација.
Не сум користел многу такси, ама во секоја прилика сум се возел во некоја раскантана, а не со толку стара година...Особено овие што ги посоче ДАС...
А да и флуенсите веќе се за никаде напраени...нечисти, растропани, смрдени...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8001 на: 24 Септември 2014, 19:50:50 pm »
Овој аргумент со интериерот веќе држи вода... но, уништен интериер сум видел само кај прастари такси-канти, со 20+ години коли. Али, ок, ова веќе личи на аргумент. Тенќу.
http://www.makedonski.info/show/%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%80/%D0%BC

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8002 на: 24 Септември 2014, 19:51:09 pm »
ок... може да дискутираме: нечисти и смрдени скоро и да е небитно пошто половна кола и онака ја носиш на хемиско. Растропани? Освен ако не е нешто искршено - пак не е траЃедија. Ќе ги смениш гумиците кај шо треба и нема да тропа. У принцип, кај половна кола битно е да е моторот ок, да не е ударана и да нема корозија. Не?

Рачунај дека пишува некој кој никад не купил половна кола  :P

http://www.makedonski.info/show/%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%80/%D0%BC

Фала на корекцијата! Стварно мислев дека е со „и“.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8003 на: 24 Септември 2014, 19:55:53 pm »
Во огласи си пишува:
Се продава, поминати толку иљади километри, бла, бла, бла...НЕТАКСИРАНА! :)

Не знам што е толку нејасно. Неодржавани се, а и секако излупани се каросериски...

Значи кога би купувал кола на старо би си рекол:
- Хммм...растропана е, ништо страшно, ќе и сменам цела предница. Смрдена е и валкана, ништо страшно, хемиско. Потчукната е, браниче, крилце, штопче, ништо страшно...
Битно моторот брчи...ќе го ставам на друга кола, ќе ми се најди :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8004 на: 24 Септември 2014, 19:59:19 pm »
Motorot i ne e tolku strasen, kupuvas drug, montiras i nema gajle. Problem e ako treba da menuvas kup sitnici, toa kosta poveke i nikogas nema se da e kako "od fabrika", se nesto ke krca ke tropa i nema da bide pogodeno.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8005 на: 24 Септември 2014, 20:00:15 pm »
Филипчо еве јас ке ти појаснам. Едно е да купиш такси возило од сам свој газда (има некои и бетер од нормален човек ги чуваат) но сосема друго е да е возилото на такси компанија. Зашто? Затоа што возилата во такси компанијата (посебно по помалите градови) буквално 24 часа се на должност. Тоа значи минимум 2ца до 3ца ја возат колата секој ден. Тоа дава до значење дека поферот седнал да вози за 12000 дење ноке и нормално како незадоволен ич на кур нема да му е за колата туку напротив ке гледа да наштети. Бетер комбинација е ако не ја должи една кола туку која ке биде слободна таа да ја вози (тоа е уште полошо).  Друго, тие коли поминуваат во просек околу 100-150000 км годишно што во превод имаат по околу 500-600000 километри извозени од: 500 различни шофери, градска вожња (замисли на таа километража и колку саата има изработено моторот во место) и најтрагично на одржавање чисто да пали и да вози.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8006 на: 24 Септември 2014, 20:28:04 pm »
ок... може да дискутираме: нечисти и смрдени скоро и да е небитно пошто половна кола и онака ја носиш на хемиско. Растропани? Освен ако не е нешто искршено - пак не е траЃедија. Ќе ги смениш гумиците кај шо треба и нема да тропа. У принцип, кај половна кола битно е да е моторот ок, да не е ударана и да нема корозија. Не?

Рачунај дека пишува некој кој никад не купил половна кола  :P

Лагери на тркала - круцијално нешто што ако не просвири или не загребе, никој не се сеќава дека постои.
Зглобови на полуосовини - исто круцијално. Кочиони цилиндри, црева за хидраулика, гумици на шепи - побитно здравје.

П. С. Седиштата, покрај што се прљаат, од станување/седнување пропаѓа пената, се искривува конструкцијата на седиштето.

Такси кола јас лично, само е комплетно, до последен потрошен дел сервисирана, а и со неоштетен ентериер, и тоа далеку испод цена би зел.

Отсутен deemeetar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8007 на: 24 Септември 2014, 22:07:03 pm »
Ја има некој видено колава http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1210236 ?
Дали некој знае кој е Љупчо гледам повеќе коли продава?
Hyundai Elantra 2017 1.6 gls

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8008 на: 24 Септември 2014, 22:08:51 pm »
90кс, 18ки бандажи. Шосторе

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #8009 на: 24 Септември 2014, 22:52:23 pm »
Фордов се продава добри 3 месеци.