Пар козметички, што не се толку проблем и еден што ми фати око. Предниот браник на неколку места бил удрен, не е наместен како што треба и малку зјае, и две пластики има скршено (или една скршено, друга ненаместена како што треба). Левиот дел од браникот е префарбуван и веројатно ќе почне да се љушти у скоро време.
При кратко повозување, јави звук како да има нешто лабаво на подвозјето, како да не е прицврстено како што треба и се тресе. Дисковите многу стружеа, али тоа веројатно е пошто не е возена подолго време. Делови од суспензијата на задната оска имаа исфрлено р'ѓа. Дали површна или суштинска, не знам, треба поупатено лице да провери и да каже. Колата не е регистрирана.
Внатре е супер сочувана, машинчето си работи како што треба, електроники, клима итн. си беа во најдобар ред. Колава би била одличен избор, ако и само ако некој квалификуван и' направи детална проверка на подвозјето и даде „зелено светло“. Козметичките фалинки не би требало многу да коштаат за да се средат.