Незнам од каде муабетот дека многу трошело возилото, но тој мотор е нешто повеќе од феноменален. Значи ова не е само збор истрескан од тепка, туку е врвно достигнување во автомобилската индустрија. ЦЛСто мене не ми се допаѓа баш на изглед, но е многу аеродинамичен и тоа си го прави своето на оние делници за кои е наменет.
Овој мотор е нешто пожеден од новиот, меѓутоа е далеку од жеден. Без проблем вади 5 литри на 100 при 110кмч на автопат, односно 6.5 на 130кмч. За оние кои ги интересира таа вожња. Секако може и помалку, но да речеме едно реално возење. При 160кмч е околу 9литри на 100, и 13л на 100 при 200кмч. Ако се земе дека ова е напредна салонска кола со голем мотор, масивен торк, лефтерно движење на големи брзини, секако дека ќе е аутоматик, тоа и не се големи бројки. Во град јасно дека може да се покачат бројките, особено ако нема Старт-стоп, иако личи спортски сепак е 1900кг кола, сосе возач фаќа 2 тони.
Ако те интересира потрошувачка пробај ги бензинските модели, па потоа ова ќе ти дојде како 1 на 10ка. Ретко се спуштаат под 22л/100км освен во автопатни ситуации.
Повеќе ми се допаѓа фацата на новата верзија:
