Се прашувам, каде е фабричкото радио и фиоките за кредитни картички и чаша. Моја претпоставка, или имало навигација па ја извадиле за да ја продадат или ...
Кожен волан со команди, не доаѓа во ниво на опременост со 6 воздушни перничиња и мануелна клима, а уште помалку челични бандажи. Исто така ако приметивте, поклопецот под воланот, кој служи за поврзување со ПЦ и табла со осигурачи, е со крем боја додека останатиот дел е друга боја, заклучок донесете си сами.
Ама што знам јас ....
Искрено за 3000 евра (без ценкање) убаво би ја проверил особено подвозјето, зошто после цената лесно може да скокне многу нагоре. Како што се фали, немало да биде лошо да пише какви тоа нови гуми има на колата, дали некои кинески или барем минимум стандарди. Искрено многу ме интересира во каква состојба е чим ја дал волку ниско.