од кај знаеш, може му се брза на човекот? нешто хитно му треба кеш?
не знам дали аутово е превара или не, али знам на запад какви се казните за лажно рекламирање - веруј никој нормален не би ризикувал такво главење за некое иљадарче плус-минус...
Може да му се брза, не викам не. Но немам вишок пари да отидам до Белгија да се прошетам за да видам дали му се брза или не, па викам ако планирам да купам вакво ауто треба да сум спремен на 10-12 илјади, кога ќе отидам таму ако налетам на некој ваков можам да размислувам.
Ти додека да отидеш од тука до Белгија за да ја видиш колата, и ако стварно е ок и му се брза, таа три пати ќе се продаде во меѓувреме. Затоа вакви понуди за нас не се интересни, освен ако не сме таму во моментот или имаме некој близок пријател/роднина кој би одвоил време да ја види, па и да остави капар или да ја плати ако е се како треба.
Едно е кај нас ваква понуда, друго е во земја одалечена 2000км.
И лажни огласи има на мобиле.де и аутоскаут
