Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5963871 пати)

Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3099
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30240 на: 24 Ноември 2026, 13:39:37 pm »
Ова за становите е точно. Интересно е што авто салоните имаат друга политика.

Јас баш станот кога го купував, уплаќав 20% учество, на двапати.
И двата пати кога ми праќаа фактура од инвеститорот - беше израчунат средниот курс за тој ден т.е пример јас ќе им се јавев: ,,Сакам да направам уплата денес, ако може фактура", па така знаеа на која сума да ја пишат.

Истото беше и за останатиот дел од сумата. Кога банката им го уплати станбениот кредит на нив - беше по среден курс за тој ден.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4508
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30241 на: 24 Ноември 2026, 13:58:05 pm »
Си сака закана за тужба и ќе ти пресметаат по среден курс. Некој спомна за 400е не вреди да се караш....тоа се доволно пари за да се плати каско осигурување.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3574
  • Хюндай Тюсон
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30242 на: 24 Ноември 2026, 14:34:41 pm »
Ама пак ви велам они ти рекле цената е хх евра но ти не си потпишал никаков договор за хх евра. Дури и ти нагласуваат цената е информативна! Веќе примарниот договор што ти го праќаат е во денари. Врз основа на што ќе тужиш?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7970
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30243 на: 24 Ноември 2026, 14:52:31 pm »
Ама пак ви велам они ти рекле цената е хх евра но ти не си потпишал никаков договор за хх евра. Дури и ти нагласуваат цената е информативна! Веќе примарниот договор што ти го праќаат е во денари. Врз основа на што ќе тужиш?

Не мора да тужиш. Ке бараш корекција на износот во денари, зошто по среден курс, не се поклапа.

Истово е и со купување на стан. Усно договорена цена во евра по квадрат е пресметана по среден курс. Не е работа за тужење. Им даваш огромна сума на пари, може да не се циганчат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10654
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30244 на: 24 Ноември 2026, 15:43:58 pm »
Не се должни воопшто да изразуваат цени во евра.
Едноставно може да ти каже 1.348.444 денари, и ти чешај се колку се тоа "пари".

Но, сите сме се навикнале поголемите суми денари да го сметаме во евра поради навикната перцепција за количество или вредност.


Присутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3099
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30245 на: 24 Ноември 2026, 16:42:32 pm »
Нема што да се чешаме колку пари се тоа, се дели со дневниот курс (по НБРМ) за евро и тоа е тоа.
Гледаш која е разликата од договореното до моменталната понуда - во евра.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45371
  • Il Moderatore
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30246 на: 24 Ноември 2026, 17:22:47 pm »

Кога државата може у Закон да ти кажува глоба у евра, овие може да си си пишуваат цени по кој курС сакаат.   
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3940
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30247 на: 24 Ноември 2026, 19:55:58 pm »
Ама пак ви велам они ти рекле цената е хх евра но ти не си потпишал никаков договор за хх евра. Дури и ти нагласуваат цената е информативна! Веќе примарниот договор што ти го праќаат е во денари. Врз основа на што ќе тужиш?

Полека, полека

Одиш да купиш Тусон, цената на Тусон не е битна, земаме 35 илјади евра е. Друже, за каква информативна цена зборуваш? Не те разбирам како ти замислуваш кога купуваш.

Гледаш дали имаат тест-возило, ако имаат, нарачуваш тоа, тоа, тоа, тоа од возило сакам. Вкупно чини 35 илјади евра. Земаш рачун, пушташ 30 илјади денари капар. За остатокот од договорената цена од 34,500 евра, се договарате кога ќе пристигне колата и по кој курс ќе бидат наплатени тие 34.500 евра.Должни се 3 дена пред колата да ти престигне да те известат а и ти исто така имаш опција да ја купиш или 30илајди денари да ги поклониш ја проверуваш колата го земаш листот кој еден примерок е за тебе задржан еден за нив пред 3 месеци кога сте договориле какво возило сакаш и КОЈА Е КОНЕЧНА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО.

За каква цена поголема или помала зборуваме? Тоа што сум го барал сум го добил, тоа што го барале тие го добиле. Цената е договорена и крај на приказната.

Пс- ја кога џимито од Миркат кај Љубе го купив пошо го чекав скоро година дена, во договорот стоеше цитирам сумата договорена е таа на ден месец година, и да дојде до било каква промена поголема или помала договорената сума со таа опрема која се сочинува е таа крајна по тој и тој курс изразена евраа ххх денари ххх и толку крај на приказната. Што сака нека биде за 8 или 12 месеци од тој ден таа цена и крај ни помалку ни повеќе тоа што е договорено е должен да испочитува за аутото.Нема драми затоа папир друже и се документовано.И плус на емаил да си имаш електронски. Па пред да подигнеш кола должни се они исправно возило да ти дадат а ти да си го провериш и гледаш листот дали има се алАмински бандажи, кожен волан,мултимедија и остали тракатанци прекривач за гума, та кровни носачи кука мука бла бла.. Позз чисто дискутираме и учиме.Другар пред изврстен период, купи премиум возило од Делукс Куманово газдата таму испадна фер ептен и со курс на еврото и со други остали пропатни работи.Пак кажувам на големи суми се се гледа.И НЕМОЖАТ ДА ГО РАЧУНАТ 62 ЕВРО КРАЈ. веќе ако е така нека заокружат на 100 рамно... :D
« Последно менување: 24 Ноември 2026, 20:04:48 pm Jimny »
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10654
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #30248 на: 24 Ноември 2026, 20:38:00 pm »
Нема што да се чешаме колку пари се тоа, се дели со дневниот курс (по НБРМ) за евро и тоа е тоа.
Гледаш која е разликата од договореното до моменталната понуда - во евра.
И, ќе кажеш колку пари е износот погоре, но без да се чешаш и да ми кажуваш во евра.

Како што реков, сите имаме перцепција за цени во евра, но се нема перцепција за денари, и затоа кажуваат во евра. Ете тоа значи кога ќе се каже  колку пари е денарски износ, и колку пари е евро износ. Прашање на перцепција.

Тој што го продава станот или колата треба да ти каже износ во денари, како стигнал до тој износ не е битно. А ти ако не го разбираш тој износ, дели со го како сакаш, на крај на денот, плата земаш во денари, кредит во денари, и небитен е курсот на еврото.