Друштво, ваше мислење?
Во план сум да го погледнам деновиве, има кој да го исфарба браникот, заварувач имаме професионален во гаража (ако е ауспухот проблем), а за дијагностика и промена на делови тука сум (ако е ламбда сонда проблем).
Lexus IS 250 Luxury Line 2006
Ја разгледав и повозив колата, роговите се здрави, корозија нема никаде, не сецка ладна, менувачот менува супер и на автопат и низ град, пред 3000км се сменети масло и филтер (менувани на 10к во овие 5 години додека ја поседува), сервисиран диференцијал (на секои 30к) и масло во автоматикот на 240 и 300к (пред 3000км исто), променети се и свеќиците, антифризот, комплет предни и задни кочници и глицерин. Најниско што може да се земе е 5100.
Од опрема има:
- Бела перла боја (да, би ја пишал во опрема)
- Црни здрави кожени седишта
- Греачи на седишта
- Вентилатори на седишта
- Mark Levinson озвучување (12 звучници, перфектен басс)
- Затемнети задни стакла
- Темпомат
- Ел. завеса
- Рикверц камера
- Предни и задни паркинг сензори
- Спортски издув (каков звук вади упм)
- 19ки Japan Racing бандажи со скоро нови All Season гуми
- Навигација (постари мапи)