Точно така, кај половното од староста си појавува дефекти. Не е предвиден еден гумен дел да трае 10 години, туку 5. Зависи и како е одржувана претходно, мада и не мора да значи. Ако сакаш менувај дел по дел, едно цревце од 100 денари ќе се скини и ќе те остави на пат, па нервирај се...
150000км и проблемите почнуваат, ако не ја пазиш од кај 120000. Кај нас народот мисли дека вози камен/коска/стакло/џам/ко нова итн итн технички перфектно исправна кола но се залажува. Веќе 20год имам сопствена кола почнувајќи од
Корса Б 1999 (ми ја купи татко ми у 2003) па Поло 2004 1.4 бензин вечно некој ситен дефект
БМВ 1 2005 имаше нешто но одамна беше над 10 год се поминат не памтам
Тигра кабрио (малку ја извозев)
Смарт - ремонт трошеше уље
Пасат Б7 генерално ок но со ситни заебанции
Бмв ф10 - проблематичен х драјв
Фиеста 2011 предница и летва нови и пак тропа
Голф 7 на малку км беше уште се водешњ ко нов
БМВ ф30
Фиеста актуелнава серија моментално жена ми ја вози но има околу 60000км
Може некоја кола имам заборавено
Пари сум се истурил од давање за големи сервиси, каиши, ланци, уље у диференцијал, и ред други ситници на кои што им нема крај. И пак не може да биде тоа тоа што е ново возило.
Моторот сум го купил нов со 0км и исто така сум зел камион нов од фабрика, благодет е. Возиш и не се замараш.
Кај кола после 7 год и 150000 ја враќаш и земаш нова и пак немаш потреба да молиш мајстори да се мислиш кои се оригинал делови и дали некој ќе може да ти прошверцува нешто од германија оти е поевтино. Нестор 2.0 сум бил со влогови. а може и бетер но од тоа фајде нема.
Моментот кај просечниот северџан е тој што не размислува на долг рок, туку импулсивно рипа за возило кое што е свесен дека не е него но сака да е големата работа кога ќе излезе во град. Додека тој со королата нема да е прометен, ќе си вози без проблем и место парите да ги лупа по мајстори ќе си отиде некаде на патување, ќе заштеди за подобро образование за детето итн итн. Јас се чудев како некој во германија покрај толку половни бенвиња купил нова дачија и колку е глуп, ама паметен е тој, глуп сум бил ја.
И многу битна работа за купување на возило
If you can't buy it twice, you can't afford it
Sent from my iPhone using Tapatalk