Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5525930 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26070 на: 07 Март 2023, 11:41:33 am »
Треба да се земи во предвид и фактот дека не е само купи и препродај. Ако навистина толку брзо купува коли без детално да ги провери, секогаш има шанса да има некој дефект, иако станува збор за понови коли. Тој дефект ќе го забележи или тој или првиот подетално што ќе ја тестира колата, па ќе мора да го поправи (небитно дали замаец, дизни, егр или нешто поситно). А не верувам да си наруши углед (кој очигледно го има) кај овие што купуваат понови коли.

Така да, не е два и два неговата работа секогаш.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26071 на: 07 Март 2023, 11:56:02 am »
Јас да сум за земање ич не земам од него, нека му скапат.  ;D



(Во меѓувреме некој му кажа на братот дека го оговараме и чита тука сега, удрете народе, му го одзедовме вниманието, му бегаат коли пред нос... сега му е мајката)


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26072 на: 07 Март 2023, 11:56:43 am »
Добро од уста не го извајвте,  никој не рече лошо за чоеко,  има фирма плаќа данок си препродава поскапи коли по пропис, и уше 20 да има такви не е проблем. Проблем се сите курантари шо сакат да се плацГазди оти таму парите биле, а ги правдате, ете се отепа од пунто барање имењакот не дека немаше и зачувувани,  на кило ги има пунтовци,  шо не го преплати 800 евра плус од некој копук шо ти го зел од пред нос и не вложил денар оти му се можи, чим ги правдате не глеам проблем и 1000евра плус да му ги дајш, треба да живеат и тие од нешто луѓе се.
На крајот зеде преку преку препродавачи ама дека другари не напраја ќар.
Без навреда ама ова иди, јас се снајдов кој ве е*а другите.
Ништо поразлично од ратно профитерство да правдаш.
Арно прат се снаоѓат нека калапат пари,  ама ко ќе дојдам јас на ред не на мене..

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26073 на: 07 Март 2023, 12:07:17 pm »
Ко ќе дојдам јас на ред ќе си барам дур не најдам тоа што ми одговара.Дали од плац ќе купам и ќе му ја преплатам дали од чоек ќе начекам директно,тогаш ќе му ја мислам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26074 на: 07 Март 2023, 13:23:58 pm »
Државата ги поскапе давачките за сите возили, и после Ристо од Авто Бомбата крив оти скапо ги дава.  ;D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2391
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26075 на: 07 Март 2023, 13:59:26 pm »
За то го јадиме сите везден, во сите сфери. Арач мора да има за нив да си делат. Еве не знам јас имам проблем со сумата шо треба да му се плати при увоз.
Радо би ги дал тие пари за сервиси и поправки него да плаќам за некој џаболебари....

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26076 на: 07 Март 2023, 14:06:16 pm »
13800€ davacki za E350cdi 2016ta.
Nenormalna rabota,nenormalna.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26077 на: 07 Март 2023, 14:20:53 pm »
Јас зборам за поединци куртони,  а ги има на куп, шо немаат ни плац официјален ни давачки плаќаат туку ќе ги искупат сите коли шо момже обичниот смртник да си ги дозволи едвај и ги шиткаат на истиот отепан народ дупло. Овде па глеам ги правдаат некој. Не е то бизнис,  превара е на народо оти му се можи и срамота  е да ги правдаш, ама ко ќе дој за тебе,  пу пу не важи, да најме за поефтино некако.

Исто како да правдаш некој ете ќе земам пример од мене.  Чекам 4 сати изнемоштен со закажан термин не јаден, вода не пиен еден ден за да ми пикат црева во стомакот, седи еден до мене си прајме муабет не ја бива вака срамота е треба ред ау,  дојде една сестра го фати за рака го упика пред мене без соодветни документи. И него го чекав уше сат и пол... Браво, се снајде.
Овие шо ги правдате лајнари се од иста класа како овај или од оние "само да прашам"  на шалтер, дека се снашле,  ако знаеш снајди се и ти,  од друга страна кукате сите оти не е средено ништо во државата, треба ред,  ко ке дој за вас да не важи.

Или да правдаш некој шо е арамивче,  абе знајш се снаоѓа му требат пари, ама ме знај не кради од кај мене.


Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2391
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26078 на: 07 Март 2023, 14:29:48 pm »
Никој не ги правда ситните прекупци тука муабето е за Годлен кар. Ти барем ги знајш кој се тие неколку од Битола то шо го прат, дури и истите слики ги калават на нов олас. За 100 тина евра да заебат некој.  Прано секој втор од Рек препродаваше коли на страна. Сега кој стинги и то багра неписмена да оглупи чоек ко ќе види оглас на ФБ. 

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7405
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26079 на: 07 Март 2023, 14:38:09 pm »
Здравството, лебот, маските се за во друга тема.

А за колата и без неа се живее, никој не е приморан да купи такво и такво возило, секогаш можи да купи од друг чоек или поефтино возило ако мисли дека некој го дупи.
Не можат да ги поскапат колку што не можиме ние да му купиме.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26080 на: 07 Март 2023, 14:41:46 pm »
Еми тие се проблем реален, некој шо крпел крај со крај да собери 1000/2000 евра да го здупиш на здрав ум да дај уше 1000 шо неможи 2 години да ги заштеди. Плацови ко Голден кар не се проблем пред се легален е кон државата,  второ то шо продава како шкодата не е за луѓе крај со крај шо врзват.  Тој шо има 25к за кола половна за до 27к нема да го боли душата или од лебо да си скрати.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26081 на: 07 Март 2023, 14:57:03 pm »
Никој не ги правда ситните прекупци тука муабето е за Годлен кар. Ти барем ги знајш кој се тие неколку од Битола то шо го прат, дури и истите слики ги калават на нов олас. За 100 тина евра да заебат некој.  Прано секој втор од Рек препродаваше коли на страна. Сега кој стинги и то багра неписмена да оглупи чоек ко ќе види оглас на ФБ.

Темава се вика интересни понуди на користени возила. Да не се овие бош муабети нема да има ни три страни затоа што нема интересен и примамлив оглас. Кога последен пат се пишал некој примамлив линк па да се офајди некој од форумот?

Не е само за Голден Кар туку и за сите Ајнштајни ко него што мислат дека се бизнисмени најпаметни, па купуваат се и сешто со што вештачки зголемуваат цена. На крај како што пишав неколку пати, моментално има премногу плацеви кои повеќе личат на отпад, има и добри коли кои ги држат непродадени и на кои одат на карта или ќе ја изгубам целата сума или ќе направам профит и со тоа на обичниот човек му останува за нормален буџет да преплати невреден производ.

Еве примерот со Октавијата, наместо моментално да ја вози некое семејство за 21000, ја купува Голден оти дреми како бот и има моќ да искешира и ја поставува на 24000. 99% од луѓето нема да знаат дека ова се случило и ќе плачат дека цените се превисоки а уствари производот првично бил проценет по нормална цена. Јас сум сигурен дека доколку луѓето разберат како Октавијата завршила кај него, каква била првичната цена и дека тој ништо не вложил и само и зголемил, никој нема да ја купи. Вака, можеби од 100 ќе најде 1 што ќе има да преплати без да знае, а останатите ќе треба да возат нешто од 2016 со 350000 поминати заради Голден и останатите како него.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26082 на: 07 Март 2023, 15:14:38 pm »
Otece so octaviata. Gotovo pomirete se ete ja tamu ako ja sakate kesh u dzeb i brojte, ako ne ke cekate druga i bez mn mislenje kesharica i vozi

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26083 на: 07 Март 2023, 15:44:59 pm »
Вчера камион вратен старо за ново,огласен од овластен сервис и дилер за таа марка на камиони огласен за 73 000€ нето.
Се јавија заинтересирани купци од Србија да се види шо е како.
Чоекот шо оди да го гледа камионот(лично го познљвам и секојдневно комуницирам) добива на лице место цена од 64 000€ за истиот.
Им се јавува назад,камионот е ок,им дава 1500€ попуст од првичните 73000€,тој си напрај ќар,сите среќни весели.
Е сега,јас,тие од Србија никогаш нема да ја добиеме таа цена за истиот камион,пошо чоекот им има однесено поточно им има продадено над 200 камиони досега.Тој има купено над 100 само за него,башка годишно купува делови од таму над 500 000€...
И сеа шо треба да напрај?
Да им речи на муштериите,еве ви го за 64 000€,частете едно кафе.
Арни сте со умот?

едит: башка тоа што овластениот дилер и на таа цена од 64 000€ има ќар,тие во замената старо за ново којзнље колку го имаат префатено.
Така да безнам шо ви е чудно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26084 на: 07 Март 2023, 15:47:36 pm »
Темава се вика интересни понуди на користени возила. Да не се овие бош муабети нема да има ни три страни затоа што нема интересен и примамлив оглас. Кога последен пат се пишал некој примамлив линк па да се офајди некој од форумот?

еве бe другар, уште не ја закачил Голден оваа



http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4594044

75.000 и е цената, ама има простор за договор
има историја, 8 не кинески гуми, керамика...
поинтересно здравје

*трпи плин