Не знам колку е нормална цена, затоа и таа што следна ќе ја купам нема да е по нормална цена. Еве прашав никој не кажа колку вреди.
Кога пазарот би се регулирал во нормални услови постапката би одела вака:
Одиш на пазар 3 реклама 5, гледаш слични модели на твојата, гледаш опрема и конфигурираш цена. Ако во следните неколку денови добиеш понуди значи дека си бил отприлика тука негде. Ако не значи си преценил и треба да намалиш.
Во пазар диктиран од прекупци, што и да огласиш во рамките на нормалното што повторно би било слично на постапката да најдеш просечни цени, тие ќе го купат затоа што веќе вртат голема количина на кеш, имаат моќ да го чуваат и неколку години па ниту некое нормално семејство би се офајдило од твојата зачувана кола, ниту ти би купил нормално возило затоа што прекупецот за 100 евра заработка има моќ да ја чува твојата кола и неколку години со вештачки напумпана цена.
За разлика од прекупецот, ти немаш моќ да чекаш неколку години да ја продадеш, па доколку ти се брза секогаш е истото, провери си колку е просечна цена на сличен модел на твојот, провери километри одржаност, направи споредба и конфигурирај цена.
И кога ќе купиш наредна, ќе си прифатиш дека учествуваш во одржливоста на нивниот бизнис модел со кој што тука се гордеат затоа што ти немаш време 24/7 да дремиш по огласи што во овој случај ќе те чини 2000-3000 евра повеќе од нормалното.